НАЈНОВИ ВЕСТИ
ЖИВОТОТ Е УБАВ
ЖИВОТОТ Е УБАВ Нарконон Програмата е составена од неколку чекори т.е. делови кои ја прават уникатна. Еден од тие чекори кој е веднаш после делот Детоксикација е Комуникациски вештини. Студент во Нарконон Балкан го споделува со вас неговиот успех токму на делот Комуникациски вештини.
КОМУНИКАЦИЈАТА МИ Е ПОДОБРЕНА
Пред да дојдам тука во Нарконон Балкан мојата комуникација беше на многу ниско ниво. Не контактирав со другари, пријатели, со мојата фамилија комуникацијата ми беше сведена на најниско ниво. Сето тоа ми стана рутина и буквално заглавив во таа рутина.
Се гледам во огледало и гледам дека сум променет
Во денешната вежба се сетив на периодот кога мислев дека имам контрола над дрогата, мислев дека ако направам план, да земам по 4-5 апчиња на ден и после два дена да правам паузи, дека ќе имам контрола над кризите и дека нема да имам последици.