Го сменив концептот на разбирање за нештата

Како што поминувам низ курсот Лични Вредности откривам многу работи за себе, а и потполно го сменив концептот на разбирање за нештата. Се чувствувам како да сум полесна еден тон! Открив дека многу голем дел од тежината на мојата грижа на совест лежела токму во делот за партнерите. Го соочив фактот дека нерационално и неразумно сум била промискуитетна и колку да сум пробувала да го скријам тоа под тепихот за да не го видат тоа другите, сум го криела најмногу од себеси.

Но, повеќе нема потреба од тоа!

(Слика од BestPhotoStudio/Shutterstock.com)

Минатото е зад мене, тоа не може да влијае повеќе на моите избори и потежи во сегашноста. Сега сум стабилна и рационална личност со сосема нов концепт за тоа, зашто да бидам слабак и да не знам да се справувам со спротивниот пол кога мојата вредност сега е огромна и ми дава сила и трезвено размислување. Повеќе не прифаќам било кој, знам која сум и каков човек ми треба до мене како партнер, а и свесна сум како би требала да изгледа.

Сеуште сум вчудоневидена од тоа каква личност станав во ова место и пресреќна сум за тоа што ги дознав моите вистински лични вредности и во оваа област од животот, која е исто така од витално значење за мојот опстанок понатаму.

Детското размислување и непромислените одлуки се зад мене и си кажувам сама на себе едно огромно браво за тоа!!!

И.К. — Студент во Нарконон Балкан.


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА