Јас Сум DRUG FREE За Цел Живот

После многуте мои неуспешни обиди сам да се справам со мојата зависност од дрога, решив да дојдам во Нарконон Балкан и тука да побарам помош. Во текот на различните чекори од Нарконон Програмата чувствував различни промени; постојано се движев ГОРЕ-ДОЛУ.

Во текот на Детоксикацијата се ослободив од сите отрови кои беа насобрани во моето тело, минував низ најразлични промени, чувствував како физички и ментално многу се подобрував. Почнав да спијам многу подобро и многу други манифестации коишто ги имав поради дрогата целосно исчезнаа.

После завршувањето на делот Детоксикација започна вистинската битка со самиот себе; времето кога требаше да се справам со сите лоши работи коишто сум ги направил во минатото . Искрено, ми беше многу тешко — НО УСПЕАВ.

Почна постепено да ми се подобрува меморијата; како што станував посвесен станував и поодговорен.

Имаше моменти кога сакав да се откажам ( исто како што правев досега- секогаш се откажував); но сега за првпат - со огромната помош од персоналот на Нарконон Балкан - продолжував понатаму, си ги соочував проблемите и ги решавав истите. За прв пат во мојот живот се чувствував дека навистина јас сум дел од овој свет, излегов од мојата реалност во којашто живеев многу години. Успеав да си ја подобрам комуникацијата со се околку мене.

Излегувајќи од тој мој замислен свет, реален само за мене, се ослободив од товарот којшто сум го носел толку многу години со мене и само ме спречувал во мојот напредок и развој како личност.

Повторно станав среќен, почнав да се радувам, знам точно што треба да правам за да ми потрае тоа чувство на среќа и задоволство.

ГО ЗНАМ ОНА ВИСТИНСКОТО: ЈАС СУМ DRUG FREE ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ.

К.Ј. - Drug Free Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА