Ќе живеам убав и среќен живот без дроги

Во текот на Нарконон Програмата, дознавајќи многу нови и многу корисни информации, поминував низ разни промени. Имаше моменти кои беа тешки, но исто така имаше и прекрасни моменти. Без разлика колку и да ми беше тешко - многу лесно го надминував тоа со мој труд и секако со помош на вработените во Нарконон Балкан. Како што ги надминував тешките моменти така станував посигурен во себе.

Се почна да се менува откако завршив со сауната. Го исчистив телото од отровите, а со самото тоа чувствував како и умот ми станува побистар.

После делот за детоксикација бев многу поспремен од очекуваното да продолжам со следните делови од Програмата. Знаев дека со чисто тело и бистар ум ќе можам да постигнам многу повеќе. Со секојдневно правење на вежбите станав многу поприсутен во сегашноста, не ме вознемируваа повеќе минатите случки. Ми се зголеми трпеливоста, истрајноста, ми се подобри комуникацијата со другите студенти.

Човек среќен
Со наредниот дел од Програмата навистина се зајакнав како личност. Научив како да одам само по нагорна линија, да не дозволувам луѓето да манипулираат со мене.
Си ги подобрив личните вредности, станав почесен и подобра личност.

Со завршувањето на целата Нарконон Програма се чувствувам многу добро, многу повеќе сум едуциран за животот; Нарконон Програмата ми ги даде потребните алатки за да имам успешен живот, за кои најискрено сум мислел дека не постојат.

Многу голема благодарност и до целиот Тим на Нарконон Балкан кои ми помогнаа да ги надминам сите потешкотии и да се променам ЈАС како личност.

Д.Т. - Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА