Конечно уживам во своја кожа!

(Слика од Africa Studio/Shutterstock.com)

Година и 3 месеци. Чувството е фантастично и додека го пишувам ова се ежам. После излегувањето од Нарконон не се исплашив да одам во свет кој го познавам како суров и ладен светсо ладни луѓе и разочарани друштва. Излегов како потполно нов човек кој знае што сака ви животот, кој има потполно нови цели и знае што сака да прави. До ден денес се што сакав да направам и постигнам го постигнав и си докажав себеси дека сум силна личност и се што сакам можам да го достигнам. Моја најголема придобивка е тоа што научив да ги решавам проблемите на смирен начин и да не бегам од нив.

Довербата на фамилијата си ја вратив и никогаш не била толку добро обновена. Мајка ми никогаш не ми била толку мила и сакана од моја страна, а денес сум најдобар другар со неа и разговарам за се и сешто и имаме прекрасна комуникација. Добивам прекрасни потврди од луѓето дека сум сменет човек, дефинитивно на подобро, а причината за тоа е дека во Нарконон-Балкан негативните мисли и чувства што ги имав ги претворив во позитивни, а исто така научив и да ги сакам луѓето без разлика колку и да имам причина да ги мразам .

Конечно уживам во своја кожа и удобно ми е во неа. Научив дека секогаш треба прво себеси да си правам убаво за потоа да можам да им правам да им биде убаво на моите сакани личности. Не се направив себичен туку почнав повеќе да се ценам и сакам себеси. Гледам многу пореално на работите од било кога и какви и да се, лоши или добри ги прифаќам и живеам со нив. Прифатен сум во општеството и нормалниот свет, стекнав нови пријатели со кои делам слична реалност за животот. Почнав да работам и сум уште подисциплинирана личност. Кога ќе се запознаам со некоја нова личност имам што да споделам и разговарам со неа, а не како претходно кога бев празна личност, изгубен дух, немав што да кажам и колку и да сакав да разговарам за било што, јас немав ништо и почнав да избегнувам контакт со луѓе, а сега сакам да запознавам нови луѓе и да се дружам. Богат е човек кога има пријатели, а не пари.

Не гледам на материјалното како што гледав порано додека се дрогирав Сега гледам да бидам исполнет човек, да уживам во малите работи, да се едуцирам и запознаам со светот во кој има прекрасни места и луѓе. Си ја вратив комуникацијата со бившите девојки и повторно сум пријател со нив. Луѓето ми велат дека сум променет човек, дефинитивно на подобро, бидејќи ме познаваат каква личност бев и каква сум сега. Уживам во себеси и животот, а за сево ова сум многу благодарен на тимот на Нарконон-Балкан кои упорно се трудеа за мене да бидам се подобра и подобра личност.

Н.M. — Дипломец од Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА