Ми Се Врати Желбата За Нов Почеток, Не Ме Мачи Повеќе Минатото

На почетокот од сауна ми беше многу тешко, бев многу нервозен кога ги искусив првите реакции - пецкање, чешање, омалаксаност…..Не можев да се поднесам, имав нервозен стомак, ми мирисаше на се и сешто. Чувствував чуден вкус на некоја киселина или метал и многу се стрвев за цигари, солено, благо и за многу други работи.

После една недела забележав дека стрвоста за цигари почна да се намалува, можев да ја контролирам. Кон крајот на третата недела дојдов до реализација дека штом можам да ја контролирам стрвоста за цигари ќе можам да си го зајакнам карактерот.

И Така Беше До Крајот На САУНА : Веќе Можев Да Се Контролирам!

Последните две недели забележав дека сум посвеж, поодморен и дека ми се врати желбата за нов почеток. Сега јас можам да се контролирам , а не дрогата да ме контролира мене.


Ми исчезнаа болките во нозете и грчевите кои ми беа најголем физички проблем. Исто така забележав дека и потењето навечер ми исчезна , апетитот ми се подобри , а најсреќен сум што повторно почнав да сонувам. 

Очите не ми се веќе суви, влакното од косата ми е помеко а кожата мека и мазна.

Се Чувствувам Многу Удобно Во Мојата Кожа

Сега по завршувањето на делот Детоксикација се чувствувам постабилно, поенергично, забележувам работи кои досега не сум ги забележувал. Се радувам на ситници и повеќе ги ценам работите. Сега сум посконцентрирам, ментално сум постабилен, ги прифатив работите такви какви што се, не ме мачи повеќе минатото и сега вртам нов лист во мојот живот. 

Богдан—Narconon студент

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА