Нарконон ми даде многу повеќе од една рехабилитација

По запознавање со начинот на работа на Нарконон, тотално ми се промени сликата во глава што ја имав за процесот на рехабилитација, самиот збор повеќе не ми ствара негативен набој или не ми дава морбидно чувство. Се ова е поради тоа што Нарконон ми даде многу повеќе од една рехабилитација.

Gift

Ќе пробам вака да го опишам: Програмата за мене е како една кутија со панделка во која се дава поклон. Долниот дел од кутијата, односно подлогата е делот за одвикнување, со помош на технологијата не се чувствував повеќе како бескорисна вреќа со органи, туку почнав да се будам и осознав каква штета ми направиле наркотиците. Откако го поставив темелот, преминав на страничните делови од кутијата, ѕидините, односно Програмата за Детоксикација. Во овој дел од програмата се издигнав емоционално, го вратив човечкиот дел кај себеси, бев природна, среќна и полна со енергија. Така преминав од изгубен човек во еден среќен, нов, здрав и вистински човек.

Кога го имав темелот и ѕидовите му дојде редот на капакот за да го завршам процесот на рехабилитација. Во овој дел научив комуникациски вештини и се здобив со способноста да ги користам во секојдневната комуникација, а по нив на ред беа Објективите. Овие вежби беа најфантастичното нешто што сум го доживеала. Со помош на овие вежби сите слики во главата кои ме влечеа несвесно да бегам и да барам решение во дрогата и едноставно ме држеа во минатото ги совладав и застанав силно во сегашното време со способности кои сум ги немала порано, самото ниво на свест многу ми се зголеми преку многуте реализации кои ги имав за себе и за мојот живот. Сите беа исклучиво добри, но таа што би сакала да ја издвојам е реализацијата зошто почнав и зошто земав дроги, па ова помислата повторно да земам ми нема смисла. Сега ја имаме целосната кутија, процесот на рехабилитирање е завршен и беше еден процес доста уникатен и еден од својот вид со 100% успех. Но што ќе ја држи кутијата да не се отвори? Тука настапува панделката која која цврсто ја држи кутијата заедно, а панделката се курсевите после Објективите кои ми го променија животот. Научив луѓето околу мене како да ги препознавам, кој да го држам подалеку, а со кој да си ги поминувам деновите. Вториот курс беше работа која за мене се издвои од целиот програм, ме ослободи од своите штетни постапки, постанав чесна и одговорна личност која е достојна да биде дел од група или заедница, ме направи среќна во својата кожа и ме направи слободно да да се гледам во огледало и слободно да постојам.

Girl

Завршниот курс ме направи да се чувствувам како нормален човек, бидејќи толку долго време сум дејствувала штетно и сега со помошна овој курс се сретнав нагоре на пиадесталот и дејствувам нормално, продуктивно и етично во секоја област од животот. Сега поклонот е завршен, прекрасно е.

Немам многу зборови со кои можам да ја опишам радоста, стабилноста и контролата врз сопствениот живот, знам како да продолжам да живеам и имам огромна желба да го правам тоа за разлика од пред програмот.

Мојот живот е мој, има падови и има успеси, но пилотот на мојот живот сум јас и Нарконон ми ја даде способноста правилно и среќно да управувам со него.

И.К.—Дипломец на Нарконон Балкан.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА