Научив како да бидам чесен и како да ја повратам довербата кај фамилијата

Последниот дел од програмата се состои од серија на Курсеви за вештини за живеењето
Овие курсеви му ги даваат на поединецот алатките кои му се потребни за никогаш повеќе да не земе дрога. Тие се работат преку практични задачи кои се дел од курсевите за вештини за живеењето со чијашто помош се всадуваат животните вештини кои му се потребни на поединецот за да успее. Тоа се вештини на кои луѓето кои се борат со зависност од дрога или алкохол имаат заборавено или кои никогаш не ни ги имале.


(Слика од Rido/Shutterstock.com)

Додека ја работев последната вежба од курсот Лични Вредности, сфатив дека сум правел премногу штетни постапки кон мојата фамилија. Забележав дека премногу сум ги повредувал, сум манипулирал со нив, сум ја уништувал нивната сопственост и сум ги крадел. Сето тоа сум го правел во несвесна состојба—но сепак сум го правел. А со чинот на тоа правење, само сум ја влошувал состојбата помеѓу мене и сите нив, сведувајќи ја комуникацијата на минимум, нерешавајќи ги проблемите. И најважно од сè, сум ја губел довербата од нив, а без неа тешко се живее.

Работејќи ја оваа вежба од курсот, исто така ги согледав своите грешки, но наидов и на олеснување одкако ја сработив вежбата и истовремено научив како да бидам чесен и како да ја повратам довербата кај фамилијата—не правејќи ги никогаш повеќе.

Д.Т.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА