Научив нови работи за себе

По правењето на оваа вежба се чувствувам феноменално и тоа поради неколку работи. Најпрвин ми се навратија претходните убави чувства – контрола, допир, слушање…

Исто така, открив и неколку работи кои во минатото сум ги правел добро (задоволство од работа која сум ја завршил целосно без оглед на крајниот резултат).

Мислев дека можам (односно дека морам) да ги извршам командите кои се строго кажани со повисок тон. Но, сега заклучив дека не е до острината т.е. како е кажано нешто туку мојата волја да извршам нешто.

Почувствував дека можам да извршувам команди кои не се вербално дадени. Дека понекогаш е потребно контролата (особено на телото) да се даде на некој друг и дека на тој начин ќе заштедам ресурси (време, енергија). Дека можам да извршувам команди и без визуелен контакт.

Многу добро разбрав дека и во еден тим и покрај тоа што е тим секој си има свои индивидуални обврски, што е најважен предуслов за успех на тимот.

Многу интересна вежба, многу убав успех имав и научив многу работи за себе.

С.Р.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА