Нема луѓе на светот како моите родители!

Цел живот сум живеела во страшна заблуда.

Моите родители се луѓе кои постојано го прават најдоброто за мене и мојот опстанок и долго се прашував зошто сум ги ставала во моите бескрајни мрежи на лаги и манипулации пропратени со стресни ситуации.

(Слика од www.pexels.com)

Денес го добив својот одговор. Во каква било каша и да сум била вмешана моите го извлекувале најдебелиот крај. Секој пат сум ги повредувала поради моите грешки, непромислени катастрофални одлуки, сум ги копала со мене во дупка на очајот секој пат кога проблемот мој, а не нивен, доаѓал до кулминација. Но сега сфаќам, дека постојано во секое правење на проблем, секоја лага и “перфектно” сценарио стоел мојот повик за помош, бидејќи длабоко под сите тие штетни акции сум знаела кој секогаш ќе стои позади мене, кој секогаш ќе ме сака безусловно.

Тие се причината поради личноста што сум сега, која што се изградив во Нарконон, тие ми ја подадоа раката за помош, излезот од дупката и јас повторно скокнав во надземјето и се трансформирав. Но сепак, да не беа тие, од мене немаше да биде ништо и колку и да ми е криво за се што им имам направено, благодарна сум на нивното разбирање и поддршка. Нема луѓе на светот како моите родители!!!

И.К.—Студент во Нарконон Балкан.


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА