Подобрени чувства

Со денешните вежби осознав толку многу работи за самиот себе што едноставно не знам од каде да почнам. Уште од самиот почеток бев свесен дека јас ги извршувам командите , поради што бев цело време расположен. Првото нешто што вистински допре до мене беше тоа дека јас не знам што значи тоа да се допре нешто. Пред почетокот на вежбите допирањето за мене значеше да остварам физички контакт со некој предмет преку моите прсти. За многу кратко време заклучив дека допирањето не го означува само тоа, но и дека треба да се пренесе некоја сензација од самиот допир- дали предметот е топол, ладен, мазен, рапав, цврст и слично. Ова доведе до моето НАЈГОЛЕМО СОЗНАНИЕ денес—дека јас го имам запоставено моето сетило за допир. И покрај тоа што не знаев зошто или кога тоа се случило едноставно уживав во допирањето на предметите и сензациите кои преку нервните завршетоци доаѓаат до мене.

Јас сум личност која светот околу мене во најголема мера го осознавам со гледање и слушање, но заклучив дека допирањето во голем дел придонесува за моето знаење за предметите и објектите околу мене.

Конечно и разбрав зошто толку долго го имам запоставено моето сетило за допир. Работата и задоволството од ефикасно завршените работи влијаеше на тоа, едноставно сетилото за допир во мојата работа и нема којзнае каква корист. Но проблемот настанува кога игнорирањето на тоа сетило го пренесувам вон професионалниот живот, каде што сетилото треба да ми донесе убави чувства.

Постојат многу работи кои повторно треба да ги допрам и да ги почувствувам. Сигурен сум дека нареднот пат кога ќе се случи физичкит контакт чувствата ќе бидат многу поинтензивни.

Ф.Р.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА