Повторно сум среќен човек кој блеска

Повторно сум среќен човек кој блеска

Трета светска војна конечно заврши, а поубава победа неможев да извојувам.

Сите оние бубачки (токсини) кои ме јадеа психички и физички, кои ме правеа не-човек, престанаа како паразити да се хранат од моето кревко тело.

Порано кога се гледав во огледало гледав празнина, темнина пропадната, изгубена душа во светот на дрогата, заглавена во нејзините канџи, живеејќи во тотално испревртена илузија на очајот.

Сега се гледам себеси, после толку време гледам човек во огледалото, човек кој блеска, блеска од надвор како резултатот на светлината од внатре.

Косата која како сено беше сува и безживотна повторно го има имунитетот со целосна јачина, а моите плави очиња, оазата на море и зелена флора на фантазијата беше во долготрајна бура на сивило, дожд, огромни бранови.

Сега повторно специфичниот сјај на оваа прекрасна оаза се гледа кристално јасно.

Кожата која беше модра, безбојна, бледа го има повторно оној блескав сјај на младоста. Ноктите кои беа толку слаби и пред распаѓање се толку силни што страв ми е да ги грицнам.

Сепак ова физичко преобразување беше очекувано, но менталното ме остави без зборови.

Бев толку кревка, несигурна, уплашена девојка која и на самата себе и беше страв да се обрати.

Сега со полна пареа газам по светот на комуникацијата и градам самодоверба која ја немав повеќе од 5 години.

Сликата пред мене, реалниот свет изгледа толку скапоцено. Го перцепирам со секој сензор кој е целосно регенериран и се маѓепсувам од глетката.

Оние црни, самоубиствени мисли, беземоционални акции кои ми го исполнуваа секојдневието тотално ги збришав од овој универзум.

Желбата за живот, човечкиот живот никогаш не била послатка.

А тоа е само една од емоциите кои го шеткаат моето карпа тело. Научив да се смеам повторно, никогаш не сум се чувствувала олку среќно и радосно, а сакам се, се сакам себе, ги сакам луѓето околу себе, ја сакам околината, не се плашам да сакам повеќе, баш спротивно сакам само да сакам.

Доживеав тотална преобразба, доживеав просветлување, се искачив од дупката на мизеријата и чекорам лесно по облачињата на рајот.

И.Ј.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА