ПРАВЕЦ КОН УСПЕХОТ

Првиот ден кога ја започнав Нарконон Програмата се чувствував многу уморно и напнато.

Ми беше малку чудно и нереално како би можел да се чувствувам подобро од примена услуга т.е. од асисти, вежби.

Но, после првиот примен асист почувствував опуштање. Како што поминуваа деновите, така чувствував се поголеми подобрувања и олеснувања. Бев поопуштен, порелаксиран.

Претходно кога ќе ги затворев очите гледав темно сива боја и ми се појавуваа разни форми, како флешови. После секој асист тие исчезнуваа, а после неколку дена воопшто не ги забележував.

Исто така и во однос на другите вежби се чувствував многу збунето. Вработените се обидоа да ми помогнат да ја разберам целта на овие вежби, но реално требаше да поминат ден – два додека јас самиот во суштина ја разберам целта на овие вежби. И покрај тоа што делуваа како “ детски игри “, откако ја разбрав целта, самиот си ги правев тие вежби во моменти кога “ се фаќав “ како размислувам за случки од минатото. Овие вежби многу ми помогнаа за краток период да успеам самиот да се оттргнам од безцелни размислувања и сигурно придонесоа до мојата ментална релаксираност.

Последните вежби, кои придонесоа многу за мојата смиреност, беа малку попредизвикувачки. Кога по прв пат ги правев мислев дека добро ја имам завршено работата, но како одминуваше секоја вежба така чувствував дека можам да бидам уште посмирен, дека подолго време можам да ги правам, секој нареден пат дел од реакциите исчезнуваа.

Генерално, се што ми изгледаше чудно, смешно придонесе мојата состојба да се подобри: режимот на исхрана, спиењето; се чувствувам многу попријатно, одморено, опуштено.

Исчезнаа немирот и тензијата кои беа составен дел од моето секојдневие.

Подготвен сум да продолжам понатаму со наредните чекори од Нарконон Програмата и со сигурност знам дека допрва следуваат вистинските промени и подобрувања.

Н.Л. - СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА