ПРИДОБИВКИ, УСПЕСИ И ПОБЕДИ ОД ДЕТОКС ПРОГРАМАТА

Денес ја завршив Детокс програмата. Пред да ја почнам програмата физички и ментално бев многу далеку, на полошо, од она што самиот јас го знаев за себе. Имав значително повисока килажа од таа што ја имав пред 5-7 години. Целото тело ми беше подуено, од лицето, стомакот па се до прстите на рацете и нозете. Бојата на кожата беше црвена, па дури и модра. Немав кондиција да истрчам ни пет минути. Обилно се потев и при најмал напор. Бев безволен и ништо не можеше да ме поттикнеда се променам на подобро. Ја имав изгубено радоста и уживањето и во малите и во големите успеси кои ги постигнував. Бев полн со бес и со нервоза и личев на темпирана бомба која само што не експлодирала. И најмала провокација беше доволна да избувнам. Едноставно не бев свесен за мојата околина и за тоа што се случува околу мене. не мислев на ништо друго освен на алкохолот. Дури и рутинските работи не можев да ги извршувам. На почетокот на Детокс програмата имав одредена “ доза “ на страв, која се однесуваше на тоа дека поради мојата здравствена состојба нема да можам да ја поминам програмата. Но,во ниту еден момент не се ни посомневав дека ќе има големи придобивки доколку ја завршам програмата до крај. Не требаше да помине долго време пред да ги почувствувам првите придобивки. Полека се враќаше виталноста и кондицијата, да веќе на средина од програмата можев без проблем да ги истрчам предвидените 30 минути. Со враќањето на виталноста се враќаше на подобро и физичкиот изглед. Подуеноста се повлече, кожата ја врати природната боја и стана помазна и посјајна. Лицето ги доби старите контури, па кога ќе се погледнам во огледало изгледам помладо. Се разбира дека се чувствувам подобро во моето тело, а со самото тоа и сум позадоволен и посреќен со самиот себе. Верувам дека тоа е еден од моите најголеми успеси од Детокс програмата.

Што се однесува до менталните придобивки ги чувствував од ден на ден. Нервозата скоро да исчезна, а дури и кога тоа ќе се случи како веднаш да се вклучува копчето за “здраво разумско “ логичко и прагматичко размислување, кои што претставуваа едни од моите најголеми квалитети. Исто така повторно почнав да чувствувам задоволство од добро завршените работи, како што се домашните обврски и ситните поправки. Сега сум далеку посвесен за околината што ме опкружува. Лесно можам од состојба на резигнираност и летаргија да се вратам во реалниот свет и проблемите кои што ме мачеле во минатото да исчезнат. Гледам работи кои порано не сум бил во состојба да ги забележам.

Иако е рано, сепак би кажал дека сум на добар пат да извојувам победа над мојата желба за алкохол. За време на сите денови во сауна во ниту еден момет не почувствува желба за алкохол. Не верував дека тоа е возможно.

Со нетрпение ги очекувам следните делови од Програмата.

П.Ј - СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

NARCONON BALKAN

DRUG EDUCATION AND REHABILITATION

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА