ПРОДОЛЖУВАМ СО УСПЕСИ

На почетокот од Детоксикацијата имав недостиг на кондиција за време на трчањето. Едвај да можев со слабо темпо да истрчам 1-2 минути, по што имав болка во нозете и забрзано дишење. Кондицијата се подобруваше од ден на ден. Периодите на активно трчање се зголемуваа, а паузите беа пократкотрајни и поретки. Исто така ( во последните неколку дена ) забележав дека ми се врати нормалното дишење при спортување, нешто што се чини долго време го имав заборавено. Од аспект на физичката подготвеност, го чувствувам телото и мускулите поцврсти и позатегнати. Обемот на стомакот ми е намален; бојата на кожата е вратена назад, односно е посветла; лицето повеќе не е цело време црвено, на моменти модро како претходно; кожата ми е помазна и посјајна; прстите на рацете ми се потенки – како што биле пред 6 години, а ноктите се посјајни.

Исто така многу поретко се потам ( надвор од сауна ) и директното печење на сонце не ми пречи повеќе.

Што се однесува до менталниот дел – повеќе не чувствувам нервоза и нетрпение. Позитивните чувства преовладуваат и се подолготрајни. Дури и презирот што го имав кон одредени личности веќе го нема. Искрено многу сум среќен.

Б.М - СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА