Се чувствувам прекрасно

Денес после толку многу години конечно почна да расте самодовербата во мене, почнав да се ценам и сакам со сите мои мани и доблести. Цел живот се мразев себеси и неможев да се погледнам во огледало без да почувствувам бес и одвратност , но повеќе не е така.

Благодарение на вежбите коишто се дел од Нарконон Програмата се промени нешто во мене и сега уживам во секој момент и премногу го сакам животот.

Неможам да опишам со зборови колку прекрасно се чувствувам во моментот.

Се чувствувам и сум сосема поразлична личност од тоа што бев. Конечно почнав да спијам како една нормална личност, се поврати сета љубов кон живиот свет која беше некаде длабоко сокриена во мене. Се здобив со еден огромен душевен мир кој ми овозможи да размислувам сталожено, поинаку да ги согледувам работите, да не избувнувам на секоја ситуација. Премногу ми се подобри комуникацијата, сега можам да разговарам со сигурност и сталоженост. Се чувствувам премногу среќна што можам да уживам во секој момент без да ми се одвлекува вниманието кон минатото или иднината.

Премногу сум среќна што ја имав можноста да дојдам во Нарконон Балкан. Подготвена сум да продолжам понатаму и уште повеќе да се надоградувам како личност.

Е. С . – СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА