Секој Ден Се Чувствував Се Побуден и Побуден

Кога завршив со сауна се почувствував многу убаво и моќно што мислев дека мојата рехабилитација е завршена и само чекав што побрзо да ги завршам и останатите чекори од програмата.
Но во текот на објективите покрај тоа што навистина согледав многу работи во врска со мене и мојот живот, секој ден се чувствував се побуден и побуден.
Почнав повторно да се чувствувам како дел од овој свет. Видов во каква заблуда сум живеел до сега, во реалност која постоела само во мојата глава, реалност во која постојам само јас.
Бев убеден дека така треба, за секое мое однесување имав оправдување.
Како што се зголемуваше мојата свесност, така моето внимание не беше насочено само кон мене, кон мојата “ реалност „. Постепено моето внимание почнав да го насочувам и  кон околината. Морам да признаам дека ми беше многу тешко , чувствував голема болка , желба да се откажам од се ( како што сум правел секогаш ). 
Но покрај се истовремено почнав да го разбирам и тоа дека самата свесност го прави тоа , за првпат ја согледуваш реалноста. Мојата одговорност проработи , која никогаш не сум ја ни имал. За првпат видов дека јас сум причината, јас треба да одлучувам за моите работи, дали да продолжам со нешто или воопшто ниту да почнувам, да не се откажувам така лесно од работите.
Да ја прифатам реалноста таква каква што е.
Сега знам дека сум една свесна личност, една одговорна личност која е спремна да се соочи со сите предизвици, која нема да се откажува повеќе. Да придонесувам за себеси и за другите околу мене кои ме сакаат, кои се дел од мојата сегашност.

К.Д.- Студент на Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА