Спасување Животи. Спасување Семејства.

Едноставно, Нарконон функционира.

Прочитајте некои типични коментари од студентите на Програмата на Нарконон и членови на семејствата кои го искусиле она што понекогаш изгледа како чудотворна преобразба:

БРАЌА И СЕСТРИ

„СЕСТРА МИ НЕОДАМНА БЕШЕ ВО БОЛНИЦА и тоа требаше да ги смени работите. Тогаш добив телефонски повик дека е хај. Си помислив, ‘ако не сторам нешто таа ќе умре.’ Како член на семејството, веќе не му веруваш потполно на ова лице. Но сега можам да кажам, без никаква резервираност, дека таа е сосема друг човек. Се чувствував како да сум сам, а сега повторно ја имам сестра ми. Не можам дури да ви опишам колку сум благодарна. Таа го победи тоа!“ —М.Ф.

РОДИТЕЛИ, БАБИ И ДЕДОВЦИ

„НАРКОНОН МИ ГО ВРАТИ СИНОТ, а нему му го врати животот. Ете зошто Нарконон е толку извонредна програма.“ —М.О.

„НИЕ СЕ ОБИДОВМЕ СО ПРОГРАМА ЗА ОПОРАВУ­ВАЊЕ ОД ЗАВИС­НОСТ. Се обидовме со програмата од 12 чекори. Она што навистина ми се допадна во врска со Нарконон е дека ми дозволија да учествувам во нејзиното опоравување—да и' помогнам да мине низ процесот. Тие станаа како наше второ семејство. Таа се врати. Дури и подобра од порано. Тоа е чудо.“ —Д.Р.

„ГО НАЈДОВ СИН МИ НА ЗАДНИОТ ТРЕМ, пaднaт на подот—Господ знае на што беше. Денес, тој има одлична работа. Cе чувствува одлично. Нарконон ми даде спокој. Само со тоа што го гледам повторно здрав и среќен, како ужива во животот, токму како што треба да биде.“ —С.П.

ДИПЛОМЦИ

„ВО ПЕРИОД ОД ПРЕКУ 32 ГОДИНИ КОРИСТЕЊЕ НА ДРОГИ, минав низ 15 различни програми за рехабилитација. Ниту една од нив не даде резултати. Ниту една од нив не ме доведе до степен на кој би посакал да престанам да користам дроги. Нарконон беше мојата последна програма, и сега сум чист веќе седум години. Пред да почнам со програмата немав никаква надеж. Сфатив дека ќе умрам во мизерија, како зависник од дрога, и тоа е болната вистина. Ова место направи пресврт во мојот живот. Толку е ефективна, што не знам од каде да почнам за да ви го објаснам тоа.“ —М.С.

„КОГА ЈА ЗАВРШИВ ПРОГРАМАТА, знаев дека сум го постигнал најважното нешто во мојот живот. Знаев дека повторно го контролирам својот живот. Бев на дроги од мојата 12-та година, и се почувствував како сите тие години повторно да си ги вратив. Сакав да бидам жив, и тоа не можеш да го замениш со ништо друго.“ —Д.Х.

„БЕВ ЗАВИСНИК ОД ДРОГИ ОД МОЈАТА 18 ГОДИШНА ВОЗРАСТ. На игла бев 17 години. Мислев дека никогаш нема да се ослободам од неа. Навистина мислев така. Другите програми за рехабилитација ми кажуваа дека ќе бидам зависник од дроги до крајот на животот. Програмата на Нарконон ми го спаси животот. Тие ме научија како повеќе да не бидам зависник од дроги. Тие ме научија како да се подобрам и како самиот да си ги решавам проблемите. Јас сум нов човек. До втората или третата недела на програмата се здобив со огромна енергија и кога завршив со сауната повторно се почувствував како дете. Се чувствувам добро, како што не сум се чувствувал со години. Тие ми го вратија животот.“ —К.К.

„НАРКОНОН МИ ДАДЕ НАДЕЖ. Тие ми ги дадоа алатките, а јас си тргнав по мојот пат и ги поправив сите нешта кои ги имав расипано, физички, ментално, сите нив. Си го вратив назад мојот живот.“ —Р.Г.

„ПРЕД НАРКОНОН, моето семејство ќе ми се јавеше и јас едноставно не сакав да зборувам со нив зошто знаев дека ќе морам да лажам. Ќе им кажев дека сѐ е во најдобар ред, и кога бев зависник од дроги и кога ќе ме бркаа од училиште и кога ја губев работата. Тогаш тие ја најдоа програмата на Нарконон. Бескрајно сум им благодарен и нив и на вработените во Нарконон затоа што ми помогнаа да сфатам каква промена ми беше потребна во животот, и што беа таму да ми помогнат да ја направам таа промена.“ —А.О.

„СУМ БИЛА ВО ДОСТА РАЗНИ ЦЕНТРИ ЗА ТРЕТМАН ОД 12 ЧЕКОРИ. Ништо од тоа што пробав не ми успеа—секој центар за третман, секоја детоксикација—ниту едно од нив вистински не даде резултат. Потоа дојдов во Нарконон. Желбата за дрога... не мислев дека некогаш ќе ја снема, но целосно ја снема за време на Детоксикацијата - Нов Живот. Не миcлев дека можам да бидам среќна како што сум сега. Програмата на Нарконон ми го врати животот и ме направи повторно да сум среќна.“ —Р.С.

„СЕКОЈА ВЕЧЕР СЕ МОЛЕВ пред да заминам в кревет, да не се разбудам следното утро. Мојата физичка болка беше многу голема, а емоционалната болка која му ја создавав на моето семејство беше страшно неподнослива. Не мислев дека постои било каква надеж. Сега се будам секое утро со љубов кон мојот сопруг повеќе од било кога. Моите деца зборуваат со мене. Имаме убави мигови—разликата е како ден и ноќ. Вака треба да биде. Се чувствувам толку многу благословена. Господ ме бла­гослови не само со нов живот, туку со живот кој е вреден за живеење.“ —Д.Х.

“БЕВ НА ПРОГРАМА ОД 12 ЧЕКОРИ. Тие ми рекоа дека влошувањето е дел од опоравувањето. Слушајќи ги приказните на другите луѓе таму, започнав со хероинот. Кога дојдов во Нарконон, ми беше страв да се одвикнувам од дрогите без да користам други дроги. Но тоа дефинитивно беше најлесното одвикнување од дроги што сум го имала. Сега сум вистински среќна. Се чувствувам фантастично. Наутро се будам со чувство дека денес ќе биде добар ден. Тоа никогаш порано не ми се случило.“ —Д.Р.

„ДА ГО ОТКРИЕВ НАРКОНОН НЕКОЛКУ ДЕНА ПОДОЦНА, една недела подоцна, не знам дали сега би бил тука. Дојдов во Нарконон и се симнав од хероин, кокаин и метадон. Се сеќавам кога го започнав делот со сауната и првиот ден кој ми одеше прилично лесно, и кога заминав во собата и спиев 12 часа без прекин. Се разбудив и си реков: ‘Фала му на Бога, овде ќе ми стане подобро.’ Се подобрував секој ден, имав повеќе и повеќе енергија. Повторно се почувствував нормално. Повторно се почувствував како да имам 25 години. Потоа, по завршување на Вештините за Живеењето, целосно знам како сакам да го живеам мојот живот. Сега не може ништо да ме сопре. Чист сум веќе година и пол и сега ги поправив сите работи со моето семејство, имам девојка која може да ми верува, имам работа која ја работам со љубов. Ги добив сите нешта кои веќе 10 години се обидував да ги добијам.“ —Џ.Р.

„ПРОГРАМАТА НА НАРКОНОН беше различна од секоја друга програма која што сум ја направил: немав желба за дроги. Не ни помислував на дроги. Научив зошто земам дроги и се справив со скриените проблеми во мојот живот кои водеа кон мојата зависност. Целосно ги разрешив. И немаше никаква резервираност, немаше никаков сомнеж. Нарконон ми помогна да откријам зошто земав дроги и тоа беше нештото што програмата го направи за мене.“ —Џ.Г.

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА