„Повторно имам семејство“

Завршив средно. Затруднев со ќерка ми. Дечко ми имаше лоша сообраќајка, по што почнав да користам дроги за да се справам со состојбата на самохрана мајка.

Па почнав да користам Оксиконтин а тоа ме наведе да ги трошам парите на овие таблети што конечно водеше кон тоа да земам метамфетамини. А потоа — по нивното користење, користев сè. И користев хероин. Што ја изгради мојата криминална историја. Бев во затвор 10 месеци. Излегов. Наместо да заминам на рехабилитација, повторно почнав по старо. Поминаа веќе 3 години откако ја изгубив ќерката. Решив дека ми треба помош и дојдов во Нарконон.

На почетокот забележав дека добивам на тежина и повторно изгледам здраво. Повторно ми засвети лицето. Се смеев и без да се обидувам. Ми доаѓаше природно. Се будев со енергија. Тогаш дојде татко ми и ми рече дека изгледам како друга девојка.

Односите со семејството станаа толку добри, како никогаш пред Нарконон. Имам поинаков однос кој немаше да го имам да не беше Нарконон.

Конечно можам да ја подучувам ќерка ми за исправното наспроти погрешното нешто и да го разгледам минатото и да сфатам дека со него е завршено.

Како да не минал ни ден. Ако не дојдев во Нарконон, немаше да се вратам на нашата меѓусебна љубов а како прво немаше ни воопшто да ја имам.

Повеќе спотови