Не сум повеќе закана за општеството

Friends joining their hands

Лично за мене поимот група не постоел, сум бил член на група но секогаш сум функционирал и работел индивидуално. Си ги гледав само личните работи и никогаш не ме интересирало ништо друго освен сопствените обврски. Сега осознав и увидов како е вистински да си член на една група и да и припагаш на неа. Сега сватив дека групата функционира и опстанува како целина а не индивидуално секој сам за себе. Кога започнав да му помогам на друг заклучив дека на тој начин си помагам и на самиот себе и го правев со љубов и посветеност и сето тоа ме исполнуваше и правеше среќен.

Сам можам да постигнам многу, но со групата можам да постигнам многу повеќе затоа што заедно сме многу посилни! Од оваа гледна точка мојата поранешна деструктивна група која крадела, лажела и користела дрога се распаѓа и не опстанува, а мојата сегашна и конструктивна група која придонесува и е обединета напредува и чекори само нанапред. Сега ја забележувам разликата и гледам како оваа конструктивна група ми помага за да станам многу подобра личност, да се изградам и да можам да гледам и целам кон подобро утре.

“Повторно се осеќам како член на општеството.”

Во животот оперирав како потенцијален криминалец. Занимавајки се со превари, манипулации, крадење, лажење и тепање до уништување на луѓето, продавање на дрога и земање на дрога уништувајки се сам себе. Ова предизвика уништување на сам себе допирајќи го дното до уништување на секој добар човек околу мене.

Ми беа потребни многу лоши ситуации опасни за мене и општеството за да ставам стоп кој вреди да се стави. Со прекинување на дрогата ми се свртија моите гледишта кон општеството, граѓаните не ми се извор за правење на штета, а јас не сум повеќе нивна закана или опасност. Со помагање на општеството си помагам сам себеси бидејки и јас сум дел од него. Секој вистински член на општеството заслужува да биде подржан во конструктивните акции бидејки со тоа општеството се надоградува и напредува.

Дипломец на Нарконон Програмата - Д.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

Drug problem does not destroys only the addict, but also the people around him who love him. At Narconon, we are dedicated to one thing: helping you overcome addiction for good. The unique Narconon program offers unprecedented results.

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА