„Не погледнав назад ниту еднаш“

На околу 18 г. веќе го имав она што луѓето го сметаат за успешен живот, добра работа, свој дом на многу млада возраст.

Но всушност бев зависен од опијати, алкохол и Ксанакс.

Отидов до точка на која ја загубив сета контрола. Мајка ми со денови не знаеше каде сум. Знаете, доаѓаше кај мене дома само за да види дали сум жив.

Дрогите го исцицаа сиот живот од мене: висок сум 180 см, а тежев 54 кг

Толку бев нездрав, што кога ќе станев ми паѓаше притисокот и губев свест.

Три пати морав да одам на детоксикација. Цело време бев дрогиран. И сите 3 пати кога ќе излезев од болница, веднаш земав дрога или запаѓав во криза. За среќа се вмешаа моите родители па така стасав во Нарконон.

Кога завршив со сауната, можев да легнам и да заспијам за 4 или 5 минути, без да имам хаос во главата. Тегобите и болките во нозете и грбот исчезнаа.

Кога ја завршив програмата, отидов да си ја земам дипломата, со насмевка од уво до уво. Моите родители беа горди што успеав. А јас знаев дека сум добро.

Поминати се 2 ½ години, а организмот ми е исчистен од сите супстанции.

Минатото го оставив зад мене.

Повеќе спотови