Не сум веќе агресивен и можам да ги контролирам мислите

Darko

Со започнувањето на вежбите Објективи бев во двоумење дали да ги почнам или не. Но не згрешив со одлуката што почнав и ги завршив. Јас бев човек заглавен со мислите во минатото, сум поминал тежок живот, бев додаден на животот во темнина, навлечен на дрога, алкохол, проституција и криминал. Сето тоа ми беше тежина во мојот ум, знаев да заглавам со мислите во нешто со саати, па и денови, но кога почнав со Објективите полека се вратив во сегашноста и сето тоа минато го оставив како еден лош кошмар или сон. Сега со завршувањето на Објективите се чувствувам реален човек, можам да се вклопам во околината што се наоѓа околу мене, да бидам во тек со настаните што се случуваат околу мене. Осетив големо подобрување во расположението, подобро памтење, враќање на мојот вид , чувството на весел и среќен човек. 

Научив да имам трпение, не сум веќе агресивен и можам да ги контролирам мислите. Сега можам слободно да се соочам со секаков предизвик, да искомуницирам правилно и да донесам правилна одлука. Со завршувањето на Објективите се најдов самиот себе и реалноста во која живеам. 

Им се заблагодарувам на целата моја фамилија за сета поддршка што ми ја дадоа во мојата рехабилитација. Голема благодарност и до персоналот на Нарконон што минаа со мене низ се што минав и јас.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА