Центрите на Нарконон ширум светот ја слават 55-годишнината

На 19 февруари 2021 година, меѓународната мрежа „Нарконон“ ја прославува педесет и петта годишнина од помагање на оние кои некогаш биле зависници а сега живеат побезбеден и поздрав живот.

На локации низ целиот свет, вработените во центрите на Нарконон ја паузираат својата работа за да се одбележат последните пет децении на спасување животи. Некои центри изибраат да донесат роденденска торта за оваа пригода, а други одржуваат специјални церемонии и прослави за да го одбележат датумот.

Секој кој што живеел со зависник или пак сакал зависеник, знае колку е предизвикувачка задачата да го поддржува тој човек додека го остава своето минато со зависности зад себе и открива посветла иднина. Потребна е исклучителна посветеност.

Во Египет, Русија, Тајван, Италија, Мексико, Америка, Турција, Колумбија и други земји, има стотици вработени во „Нарконон“, кои секое утро се будат за да поминат уште еден ден, правејќи го токму тоа – водење на своите студенти кон трајна трезвеност.


Благодарност до семејствата

Од деновите на првиот центар за рехабилитација Нарконон во голема бела куќа во Лос Анџелес, семејствата нè бараа да им помогнеме да ги спасат животите на своите најблиски.

Во текот на овој педесет и пет годишен период, семејствата од далекусежни делови на светот ја избраа програмата за рехабилитација од дроги „Нарконон“ повеќе од четириесет илјади пати. Во некои случаи, зависното лице веќе поминало низ пет, десет, па дури и повеќе рехабилитации со лекови пред да влезе низ нашите врати. Но, нивните семејства одбија да се откажат.

На оние семејства кои одбиваа да се откажат и покрај сè, ние ви упатуваме благодарност и до вас. Толку многу од оние што биле заробени од зависности, никогаш не би нè нашле без ваша помош. На поединците кои инсистираа на подобар начин.


Благодарност до студентите

И секако, тука се и поединците кои одбија да веруваат дека „секогаш ќе бидат зависници“. Тие ја отфрлија идејата дека им се потребни повеќе зависни материи тогаш кога навистина сакаа да живеат живот без кој било вид на дрога. Тие знаеја дека вистинската програма за рехабилитација е таму за нив и тие бараа сè додека не нè пронајдоа.

Тие го најдоа она што им беше потребно во програмата на Нарконон. Некои од нив останаа да ги водат другите луѓе преку своите програми за рехабилитација. Други отидоа дома да им кажуваат на другите што имаат потреба од нас. Тие исто така беа клучни во нашиот успех и им благодариме.


Ние сме многу горди на нашата 55-годишна историја, помагајќи им на многу луѓе безбедно да се ослободат од зависност од дроги и алкохол. Со нетрпение ги очекуваме следните години на проширување и спасување животи.
АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА