Ми се подобрија и изострија сетилата

Благодарение на Програмата за Детокцикација—Нов Живот, кај мене се подобрија многу работи. Еден од многуте успеси а за мене најголем е зголемувањето на мојата телесна тежина која драстично се зголеми. Ми се подобрија и изострија сетилата, ми се подобри видот, слухот и осетот за допир кои ги имав загубено некаде по пат во виорот на дрогата.
(Слика од www.pexels.com)

Исто така и со секојдневното вежбање и трчање ми се поврати кондицијата која сосема исчезна во периодот кога земав дрога.Расположението не ни можам да го споредам со тоа што го имав порано, а сега е на многу повисоко ниво и сега сум среќна и весела личност. Ми се врати енергијата и силата која ми помага многу полесно за да извршувам било каков вид на активности. Ми се врати вољата за да правам работи во животот, а ми се врати и насмевката на лицето. Се чуствувам како од главата да ми се симна една огромна тежина која ја имав пред започнувањето на Програмата за Детоксикација. Сега имам поголема самодоверба и станав порешителна личност.

Огромна улога во процесот на детоксикацијата имаа трчањето, а и витамините и минералите кои ги примав.

Процесот на Детоксикацијата за мене беше еден убав период кој ми донесе огромни придобивки и сум презадоволен од истиот.

Д.Т—Студент на Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА