Ова е тоа што ми треба за успешен живот

 

Научив да ги гледам причините и последиците на сите луѓе во моето опкружување, зошто го прават тоа што го прават и што се случува откако ќе го направат. Поради тоа што сега знам кој треба да го пуштам во моја близина, а кој треба да најди затворена врата, го сведов на минимум мојот круг на луѓе и сега е микрокруг, но е доволно голем за да ја имам целата поддршка од луѓето кои ми мислат добро и сакаат да усевам понатаму. Сите други ги гледам од обала и додека се дават во своите неуспеси, сè до онај момент, кога ќе започнат да превземаат чекори за да бидат подобри, е тогаш сум тука за помош.

„Денес научив дека доколку се вреднувам себеси и сум чесен пред себеси многу повеќе можам да успеам во животот затоа што на тој начин повеќе и подобро ќе опстанам.“

Денес научив дека доколку се вреднувам себеси и сум чесен пред себеси многу повеќе можам да успеам во животот затоа што на тој начин повеќе и подобро ќе опстанам. Можеби покасно но, сепак на крај се гледа само доброто кое сме го направиле.

Научив дека нема чесен криминалец, правдата излегува на виделина кога тогаш, нема компромис со тоа што е во ред и со тоа што не е во ред. Затоа што и најмалиот компромис ќе те донесе во бездна од која нема излез, додека сите свои грешки не ги ставиш на тапет и не почниш да ги променуваш и исправуваш истите.

Студент на Нарконон Балкан – Ѓ.Ч.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА