Прекрасно е да бидеш ослободен од дрогата

Еве веќе четири години поминаа откако не сум земал никаква улична дрога или било каква легална.

Се сеќавам, како вчера да беше, на моментот кога проработи мојата свесност и решив да ставам крај на мојата зависност, да речам ДОСТА БЕШЕ. Оваа одлука ја донесов во право време и се одлучив за вистинското место Нарконон Балкан – Центарот за рехабилитација од зависности.

Со целосна посветеност го читав и изучував секој курс од Нарконон Програмата.Се што изучив за мене стана вистинско. Целосно се променив.

После завршувањето на програмот си заминав дома. Беше многу полесно отколку очекуваното; секако дека имаше многу тешки моменти, но со истите се справував многу лесно.

Сето она што го научив во Нарконон Балкан ми помогна многу полесно да се справувам со секојдневните ситуации.

Станав одлучен, знам што сакам и не се плашам да го покажам тоа. Донесувам одлуки кои се во моја полза и секако во полза на луѓето кои се околу мене.

Во суштина станав борец – борец за моето постоење, секој ден ми е нов предизвик да постигнам нешто ново.

Во минатото, пред да ја завршам Нарконон Програмата, кога бев во група секогаш бев во позадина, не сакав луѓето да ме приметуваат. Сега гордо ја превземам улогата да бидам лидер, да бидам предводник.

Задоволен сум што придонесувам мојата фамилија да биде среќна. Ме радува тоа што мојата фамилија ми верува, разговараат отворено со мене за било каква тема. Тврдам со сигурност дека секое лице со целосна посветеност на Нарконон Програмата може многу лесно да се изрехабилитира од својата зависност.

Прекрасно е чувството да бидеш ослободен од дрогата.

Среќен сум што повторно јас имам контрола над мојот живот.

Ф.Х.- СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА