Присутен, Смирен и Задоволен

Маж што седи и гледа на зајдисонцето

Баш ми е мило што денес направив две Објектив вежби а не една како што планирав претходно. Имав многу победи, се осетив поприсутен, смирен и задоволен од себе си. Уживав во секој момент откако ги надминав реакциите.

Најпрво сум среќен што дојдов во Нарконон Балкан центарот, колку само добра програма имаат и овозможуваат голема шанса во животот, да се корегирам од таа грешка што ја имав направено со зависноста од дрога.

Успеав да го вратам моето тело во состојба каква што беше пред да почнам со дрогите. Успеав повторно да имам ред и дисциплина во животот. Дознав дека некои работи што ги правам, што ги сметам како „ситници“ имаат навистина влијание врз мене во нормална состојба. Ме прави особено задоволен тоа што сум активен во слободно време и за викендите. Повторно ми е мило кога ќе поправам или кога ќе направам нешто. Доста време легачев и така го изгубив, сега е време да работам турбо за мене и за луѓето што ми мислат добро.

„Најголемата победа ми е поврзана со сестра ми, поради што таа беше причина да дојдам во Нарконон и да го сменам животот, последно што и реков е дека ќе го направам тоа“.

Најголемата победа ми е поврзана со сестра ми, поради што таа беше причина да дојдам во Нарконон и да го сменам животот, последно што и реков е дека ќе го направам тоа. Стварно долго време се обидував на некои мои начини да се смирам со неа и да си го вратам образот, но никогаш не усевав поради дрогата и за многу брзо време ја губев довербата. Сега сум убеден и сигурен дека во оваа состојба во која се наоѓам можам тоа да го направам, па дури и подобро од што некогаш било. Како со неа така и со останатите членови од семејството.

Студент на Нарконон Балкан – Б.Н.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА