Сега се чувстувам вистински слободна

Успешно ја завршив Нарконон програмата со тоа што ја достигнав мојата најголема цел, да бидам drug-free личност и така да останам засекогаш. Многу сум среќна и горда сама со себе и тоа што го постигнав тука во Нарконон Балкан. Тотално ми е сменета личноста. Почнувајќи од детокс програмата и чистењето на моето тело, продолжив со разбистрување и на умот.

Сите чекори низ кои поминав, вежби, објективи и едукативниот дел, допринесоа да се издигнам во тоа што сум сега, една физичка, ментално и душевно здрава личност.

Јака сум, сигурна во себе, самодисциплинирана, со самоконтрола и сите останати добри карактеристики што некогаш сум ги поседувала, а беа тотално изгубени и потиснати, а сега ми се вратија, се обновија и надградија со нови.

Повторно ми е вратен интегритетот, позитивноста, чесноста, и вака можам сега тотално да живеам и го насочувам животот кон сите работи што ги сакам, кон поголеми успеси и среќни моменти. Мојата личност беше изгубена, повторно ја најдов, се најдов себеси сега и тука како една прекрасна drug-free личност. Драго ми е што го завршив програмот кој ми помогна да ги достигнам овие мои победи, што ми покажа колку всушност вредам и колку може животов да ми биде прекрасен и исполнет само со успеси и среќни моменти.

Нарконон програмата ми покажа дека како drug-free личност можам да постигнам што сакам, затоа оваа среќа ќе ја задржам засекогаш во мене со тоа што ќе останам drug-free. Дури сега се чувстувам вистински слободна.

Е.Д. - Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА