Убаво е чувството кога ќе се направи нешто како што треба

Курсот Објективи е најпродуктивното нешто што го имам направено во животот. Дознав многу за себе, видов некои особини кои не бев свесен дека ги поседувам.

Моментално сум во најдобра форма. Ги знам моите квалитети и ги користам секој ден. Истраен сум во сè што правам и го правам со задоволство. За прв пат успевам да уживам во животот без дроги и се чувствувам како никогаш да не сум земал. Успевам да се фокусирам на тоа што го правам и да го задржам целото внимание на истото. Живеам во сегашноста и точно знам што се случува околу мене. Се контролирам самиот и нештата околу мене без никаков проблем. Повеќе сум отворен со луѓето од претходно, комуникативен исто така, а и можам да разговарам за сè и сешто без да се вознемирам. Во мене се разбуди хуманоста, помагам на други, а со тоа си помагам и на самиот себеси. Убаво е чувството кога ќе се направи нешто како што треба.

Полн сум со самодоверба и не се сомневам повеќе во себе и моите особини.

Една од највжните работи ми е што сум сменет, сменет ми е начинот на размислување, свеста ми е на највисоко можно ниво и знам дека вреди ова што го правам. Разбирам дека човекот учи додека е жив и затоа секој ден ќе го искористам да научам нешто повеќе, нешто ново. Ја гледам суштината на работите, навлегувам во неа од секој аспект до најситен детал. Луѓето велат дека небото е граница, а јас го поминав небото и не постои граница.

Ф.Т. - Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА