Вештини кои ќе ме одржат стабилна и среќна

(Слика од Rawpixel.com/www.Shutterstock.com)

Ништо во овој универзум не е во мирување, сè се менува. Кога го учев овој курс почнав да се запознавам со сотојбите нa постоење кои ги искусува една група или единка. На почетокот, сè ми беше доста измешано и не можев да најдам поврзаност меѓу состојбите од ниска до висока.

Не можев да го разберам начинот на одење до погорна состојба.

Со одредени задачи сфатив и како функционираат методите на една состојба за преминување во погорна состојба и се почувствував задоволна со тоа дека сфатив, а и сум во огромно очекување за да работам на сопствените состојби. Како и во претходните два курсеви, тоа што го има и во овој курс е учење кое дефинитивно ќе ме одржи стабилна и среќна понатаму во животот, после Нарконон.

И.К. — Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА