НАЈНОВИ ВЕСТИ
Едноставно успеав
Се чувствувам многу убаво, среќна сум сама со себе. После овој курс сватив многу работи каде сум грешела и што всушност ме довело во ситуацијата во која бев. Сега кога сум чиста од дроги и алкохол, како моето тело, така и мојот ум.
Со нова енергија кон нови победи
Многу сум задоволна од овој курс. Сега сваќам дека сум поминувала низ состојби за кои не сум била ни свесна. Сум била во состојба на штетност, кога нон стоп сум нанесувала штети на луѓето околу мене, на работа и на целата околина.
МОЈАТА СИГУРНОСТ Е НАЈГОЛЕМ УСПЕХ
После завршувањето на курсот “Надминување на нестабилноста во животот„ научив какви типови на луѓе постојат, кои се нивните карактеристики, како да ги препознавам личностите кои имаат најдобри намери и оние кои сакаат да да уништуваат и да прават другите околу нив да е успеваат во животот.
Јас сум причина за тоа што ми се случува
Откако завршив со курсот Лични Вредности чувствувам големо олеснување, особено по завршување на последната вежба од курсот.
Станав Посвесен и Со Поголема Трпеливост
После програмата за Детоксикација почнав со другиот дел од Нарконон Програмата . Самиот не можев да поверувам дека со помош на вежбите што ги правев човек може толку многу да се промени.
Можам Да Имам Контрола Над Самиот Себе
Денес дури ги правев предвидените вежби, кои се дел од Нарконон Програмата, имав многу голем успех. Секогаш сам треба да донесувам одлука за тоа како ќе ми се одвиваат работите. Целиот мој живот зависи само од мене и од никоја друг.
“Јас, Свесен“
Колку лесно човек може да се прилагоди на сегашниот момент без да почувствува потешкотии а да нема потреба да направи големи промени на самиот себе.
Моја Е Одговорноста За Се Што Ми Се Случувало Во Животот
Во минатото животот никогаш не сум го сваќал сериозно, на се сум гледал како на шала. Никогаш не сум обрнувал внимание на луѓето околу мене, на тоа дали сум во добар однос, дали имам добра комуникација со нив. Најважно ми било секогаш само моите потреби да бидат задоволени.
Ми Се Врати Довербата
Се чувствувам многу убаво! Конечно се уверив самиот себеси дека мојот живот е ПРЕКРАСЕН ! Подготвен сум да бидам продуктивен член во општеството и во моето семејство. Повеќе не постојат никакви проблеми во мојот живот кои би можеле да го попречат моето дејствување во сегашно време.
Мојата Свесност Е Зголемена
Во текот на курсот ОБЈЕКТИВИ деновите ми беа Ups and Down. Имаше денови кога се чувствував многу изморено , не бев расположен за ништо; но имаше и денови кога се чувствував многу убаво. Секој ден осознавав по нешто ново, нешто кое ми било секојдневие, а јас не сум го приметувал.