Ми се врати желбата за нови предизвици и успеси

(Слика од www.pexels.com)

Во првите денови од кога започнав со Детоксикацијата—Нов Живот не почувствував некои поголеми промени или придобивки, но како што изминуваше времето најпрвин почна да ми се враќа енергијата. Кон половината на Детоксикацијата—Нов Живот почнав да се чувствувам многу убаво и расположено но сеуште имав ментални потешкотии како рестимулации, намалена комуникација, нервоза и негативни мисли.

Во последните денови тие почнаа да се намалуваат и да исчезнуваат една по една.

Сега се чувствувам како пред да сум земал дроги, а дури и подобро. Чист сум, имам енергија, весел сум, немам повеќе негативни мисли, побистро размислувам, имам зголемена комуникација со луѓето и не се осеќам како раштрафен.

Вратена ми е кондицијата, не се задишувам, не заглавувам во минатото и ми се врати желбата за нови предизвици и успеси, а и со нетрпение чекам да продолжам понатаму со програмата.

Р.Ј.—Студент во Нарконон Балкан.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА