Му кажав збогум на минатото

Ова е успех од студент кој е на курсот Објективи.

(Слика од E-Serebryakova/Shutterstock.com)

Одреден период од животот постојано имав насоки за мојот живот, како да го правам, што смеам а што несмеам да правам , па со тоа ми се имаше створеноогромна одбивност кон насоки посочувани за мене и мојот живот. Од самиот старт на објективот ја почувствчував истата одбивност кон тие насоки, телото почна да ми се бунтува , премногу ми беше лошо баш поради таа глупава одбиност. Кога ми се подобри состојбата, си ја заприметив карактеристиката која ме мачи цел живот.

(Слика од Noppawan09/Shutterstock.com)

Многу сум била несмасна. Секогаш се удирав во предметите, вратите, гарнитурата, имав огромни модринки по целото тело, се нешто што сакав да зготвам или изедам го истурав со сигурност цело или во најдобри случаеви пола. Тоа невнимание од моја страна едноставно ми дојде како предупредување во вежбата (затоа што, секако, се удирав во ѕидовите). Најдов начин, толку едноставен, а прекрасен, ја скротив таа несмасност за прв пат во животот станав внимателна Ивана. А за насоките сфатив дека освен што многу помагаат, не можат да одмагаат и одбивноста се претвори прифаќање. Исто така поради огромната победа од претходниот објектив и своето ослободување од траумите од минатото денес иако повторно насоките од минатото ми створија пречка, воопшто не се истрауматизирав затоа што му кажав збогум на тоа минато.

И.К.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА