Невероватно искуство е програмата на Нарконон

Дипломец на Нарконон Балкан – Н.Н.
Дипломец на Нарконон Балкан – Н.Н.
 

Програмата на Нарконон лично на мене ми го промени животот целосно. Ако порано бев олош, крадец, проблем за општествените групи, некултурен, со закржлавено тело и дух, сега моментално сум чесен, разумен, културен, грижлив за своето тело, со точни цели и планови за понатака, едноставно сум спротивно од тоа што бев.

Знам дека изгледа и звучи како приказна од бајките но сето ова е вистинито и реално, благодарејќи на технологијата се спасив од зависностите и ќе ви кажам како. Преку едукација, со труд и волја! Стварно бев збунет и во хаос пред да дојдам. Телото ми беше во болки од отрови, умот ми беше нестабилен, свеста на најниско ниво и бев затворен во себеси.

Ги исчистив отровите т.е. остатоците од дроги со помош на програмата за Детоксикација Нов Живот. Со тоа добив енергија и волност да продолжам понатаму. Со правењето на Објективите искусив сегашно време и дојдов повеќе во реалноста. Станав свесен за себе и за околината што ме опкружува. Дојдов до многу сознанија и не сум повеќе слеп и замаен. Го средив умот, се смирив целосно, се сталожив и ги склопив коцките. Морам да напоменам дека сите процеси што се во текот на програмата се толку добро осогласени што претставува еден вид на револуција. Спас за зависниците и токму тоа е потребно. 

По одредено време осознав зошто сум почнал да користам дроги. Ја најдов причината преку курсот Надминување на Нестабилноста во Животот. Увидов какво влијание имаа разни луѓе во мојот живот и тие непотребните ги исфрлив затоа што само тонев со нив. После тоа започнав со курсот Лични Вредности па со тоа имав огромни промени. Сега знам дека вистински се спасив од моите зависности. Со самиот процес видов колку штета сум предизвикал и колку зло сум сеел секаде околу мене, семејство, пријатели и во целото општество. Увидов каква неволја сум бил и не ми беше лесно да го соочам тоа. Но, успеав да го соочам тоа и да превземам целосна одговорност за своите постапки. На последниот курс Менување на состојбите во Животот направив план како ќе ја надоместам штетата и како ќе живеам понатаму. За прв пат во мојот живот имам план и знам што ќе правам понатака. Знам што ќе работам и како ќе ја воспитувам ќерка ми.

Не само што ги победив зависностите туку и постанав етичена, разумна, културна и одговорна личност на која ќе може да се потпре ќерка му и целото мое семејство.

Дипломец на Нарконон Балкан – Н.Н.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА