Вештини за Живеењетo

Откако желбата за дрога е засекогаш отстранета и физичката страна од зависноста е искоренета, време е да посветиме внимание на причините поради кои лицето воопшто започнало да зема дрога.

Тоа се прави преку практични задачи кои се дел од курсевите за вештини за живеењето со чијашто помош се всадуваат животните вештини кои му се потребни на поединецот за да успее. Тоа се вештини на кои луѓето кои се борат со зависност од дрога или алкохол имаат заборавено или кои никогаш не ни ги имале.

Ефикасната пракса и учењето водат кон стабилност и враќање на личните вредности. Подеднакво важно е да се напомене дека овие курсеви ѝ помагаат на личноста да развие самоконтрола и лична волја кои се неопходни за да се води живот во кој нема место за дрога.

„Нарконон ми ги поврати алатките кои попатно ги загубив. Mе научија повторно да живеам—вистински да живеам.“

Што Ви е Потребно за да Успеете

Ова се алатките кои студентите ги учат и со кои се здобиваат за време на оваа фаза од прог­рамата на Нарконон:

Надминување на Нестабилноста во Животот

Кога еден ден сте горе, а следниот ден долу, самото тоа може бргу да се претвори во спирала на опаѓање која води до самото дно. На овој курс научете ги факторите кои ја причинуваат состојбата да се биде „тобоган”, емоционално и физички. Воспоставете навики за подобрување на благосостојбата и научете како да ги откривате овие фактори за да можете да ги избегнувате или да ги отстраните од вашиот живот.


Лични Вредности

Вашата иднина целосно зависи од способноста да правите вистински избори. Но што е исправно? Како можете да го одредувате ова за себе, во било каква ситуација? Овој курс ќе ви помогне да ги воспоставите темелите и ќе ве снабди со податоци за донесување одлуки за да можете да имате самодоверба дека ќе го направите вистинското нешто, за што и да е, а се однесува на вас.


Менување на состојбите во животот

Како последен чекор, време е да ја вратите во нормала секоја област од Вашиот живот која била погодена од Вашата зависност. Овој курс ќе Ви помогне да ја поправите штетата којашто сте ја предизвикале во својот живот, личните односи, сопственостите, работата. Иако можеби на прв поглед не изгледа така, штетата може да се поправи. Во овој курс се дадени формули кои функционираат и кои можат да Ви помогнат да го донесете Вашиот живот на ред и да започнете да работите на постигнување на подобра иднина.



„Пред Нарконон бев во осум други центри за рехабилитација. Она што го прави Нарконoн поинаков е дека тие никогаш не ми велеа да не земам дроги; тие ме научија како да живеам подобро, а резултатот од тоа беше да не земам дроги.”

Следно
Спасување Животи. Спасување Семејства.
Резултати од Програмата на Нарконон

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА