Основни Факти За Општата Употреба На Дрога

Дрогите уништуваат милиони животи секоја година. Највознемирувачки аспект на овој проблем е штетата што земањето дроги им ја прави на младите луѓе како и заканата што ја претставува за иднината на секоја земја. Бидејќи постојано се зголемува бројот на млади луѓе кои почнуваат да земаат дрога, од витално значење е да се обезбедат материјали за едуцирање кои ќе содржат вистинити информации за опасноста од дрогите.

Следуваат основни факти за општата употреба на дрога.

drugs

Марихуана

Марихуаната обично е свиткана во цигари наречени џоинт. Исто така може да се свари како чај или да се измеша со храната или да се пуши преку водно луле наречено бонг.

Канабис е број три од петте супстанции кои се сметаат за влез во објектите за лечење од дрога во САД, околу 16%. Според Националната анкета за употреба на дрога, децата кои најчесто употребуваат марихуана се оние кои најмногу се однесуват насилно. Тие исто така, пет пати повеќе би краделе, отколку оние кои не употребуваат дрога. Марихуаната денес е најмногу употребувана, за разлика од порано. Нејзините техники за растење и селективната употреба на семето произведоа уште помоќна дрога. Како резултат на тоа, има остар пораст на млади консументи на марихуана во службите за итни случаи.

Марихуаната ги води консументите кон посегнување на посилна дрога, за да се издигнат „повисоко“, но кога ефектите исчезнуваат, личноста може да се насочи кон помоќна дрога за да се ослободи себеси од непожелната состојба која му наложи да консумира марихуана уште на самиот почеток. Марихуаната сама по себе, не ги води луѓето кон други дроги, луѓето земаат дроги за да се ослободат од непожелните ситуации или чувства. Марихуаната го маскира проблемот повремено. Но, кога ефектот “хај“ ќе си замине, проблемот и непожелните ситуации се враќаат со поголем интензитет отколку порано. Тогаш корисникот на марихуана може да се префрли на посилн адрога, бидејќи марихуаната веќе не „функционира“.

Краткорочни ефекти

Губење на координација и дизориентација во однос на времето, гледањето и слушањето, несоница, црвенило во очите, зголемен апетит и олабавени мускули.

Срцевите отчукувања можат да се забрзаат.Всушност,во првиот час при пушење марихуана, ризикот на корисникот може да се зголеми петкратно. Училишните обврски се намалени поради намалената меморија и намалената способност за решавање на проблеми.

Долгорочни ефекти

Ефектите од долгата употреба можат да предизвикаат симптоми на душевно пореметување.Исто така може да ги уништи белите дробови и срцето,да ги влоши симптомите на бронхитис и да предизвика кашлање и тешко дишење. Може да ја редуцира способноста на телото да се бори со инфекции на белите дробови и др. болести.

Алкохол

Алкохолот го притиска вашиот централен нервен систем и го намалува расудувањето. Пиењето во поголеми количини може да доведе до кома па дури и смрт. Мешањето на алкохолот со лекови или улични дроги е екстремно опасно и може да биде фатално.Алкохолот влијае на вашиот мозок и може да доведе до губење на координација, намалени рефлекси, дезориентиран поглед и губење на меморијата. Телата на тинејџерите сеуште се во развој и алкохолот има големо влијание врз физичкото и ментално здравјена младите за разлика од постарите.

Краткорочни ефекти

Чувство на жештина,црвена кожа,намалено расудување,недостаток на координација,нејасен говор и губење на меморијата.Тешкото пиење обично резултира со главоболки, повраќање, вознемиреност, слабост и тресење.

Долгорочни ефекти

Толеранција кон многутте несакани ефекти од алкохолот и пројавување поголема желба за алкохол. Ова води кон влошување на физичката кондиција што може да предизвика оштетување на црниот дроб и го зголемува ризикот за срцеви заболувања. Бремената жена може да роди дете со дефекти што влијае на мозокот,срцето и други поважни органи на бебето. Личноста може да стане зависна од алкохол. Ако некој ненадејно прекине со пиење, ќе се појават симптоми како: несоница, слаб апетит, грчење, а понекогаш и смрт. Употребата на алкохол може да доведе до насилство и конфликти во личните односи.

Екстази

Екстази обично се зема орално во форма на пилула,таблета или капсула.

Земање повеќе од една ,обично се нарекува „судирање“. Екстази е синтетичка (направена од човекот) дрога , направена во лабораторија. Производителите додале по свој избор дрога, како кофеин, амфетамин, па дури и кокаин. Екстази е нелегална дрога и има ефекти слични на халуцинатори и симуланти. Пилулите се со различна боја и понекогаш се обележени со слики. Мешањето на екстази со алкохол е екстремно опасно и може да биде смртоносно.

Стимулативните ефекти на дрогата како екстази го онеспособува корисникот да игра за подолго време, а топлите услови или гужвите можат да доведат до екстремна дехидратација или деструкција на срцето или бубрезите.

Краткорочни ефекти

Намалено расудување,конфузија,депресија,проблеми со спиењето, параноја, повраќање,вознемиреност и др.

Долгорочни ефекти

Продолжената употреба може да предизвика долготрајни или пермаментни оштетувања на мозокот,влијаејќи на расудувањето на луѓето и способноста за размислување.

„Екстази ме полудуваше, еден ден ја гризнав чашата, исто како што би гризнала јаболко. Требаше да имам полна уста со стакло за да сфатам што се случува со мене.“- Ана

Кокаин и крек кокаин

Кокаинот и крек кокаин можат да се земат орално ,преку нос (шмркање), преку инхалација на загреан чад и др. Зборот кокаин се однесува на дрога во прав (кокаин) и во форма на кристали (крек). Се прави од растението кок ,и по метамфетамините создава најголема физиолошка зависност од дрогата.

Краткорочни ефекти

Кокаинот предизвикува моќни краткотрајни чувства за набрзо да следат спротивни чувства на депресија и вознемиреност со страшна желба за повеќе дрога. Луѓето кои употребуват кокаин често не јадат и спијат редовно. Може да почувствуваат забрзано чукање на срцето и грчење на мускулите. Дрогата може да направи луѓето да се чувствуваат параноични,лути,вознемирени и непријателски настроени.

Долгорочни ефекти

Како додаток на ефектите што веќе ги спомнавме, кокаинот може да предизвика раздразливост,промени во расположението, параноја, гласови, халуцинации. Толеранцијата кон дрогата ја зголемува желбата за повеќе дрога. Употребата на дрогата предизвикува силна депресија која станува длабока и подлабока со секоја употреба.

Мета кристали и метамфетамини

Мета кристалите и метата се инхалираат , пушат или инјектираат (вшприцуваат). Малите дози се во форма на пилули.

Мета кристалот е форма на метамфетаминот која наликува на мали парчиња на стакло или светкави сино-бели камчиња.На улицата ,има мимиња како “мраз“, “стакло“ , “кристал“ и други имиња. Тоа е моќна дрога која предизвикува зависност направена од човекот која предизвикува насилно,агресивно однесување како и психолошко растројство. Многу корисници пријавуваат зависност уште при првата употреба. Претставува една од најтешките дроги за лечење.

Краткорочни ефекти

Негативните ефекти вклучуваат нарушен сон,хиперактивност,повраќање,зголемена агресивност и вознемиреност. Може да предизвика намален апетит и да дојде до загуба на телесната тежина. Во поголеми дози,зема поголем замав,проследено со зголемено расправање а понекогаш и насилство. Други ефекти се несоница, конфузија, халуцинација, вознемиреност и параноја.

Долгорочни ефекти

Зголемени срцеви отчукувања и крвен притисок,оштетување на крвните садови во мозокот, доведувајќи до удари, нередовни срцеви отчукувања, кардиваскуларен колапс или смрт. Може да предизвика оштетување на црниот дроб, бубрезите и белите дробови. Корисниците може да страдаат од мозочни оштетувања, намалување на меморијата а зголемување на неспособноста за апстрактни мисли. Оние кои се излечиле имаат празнини во меморијата и екстремни промени во расположението.

Инхаланти

Инхалантите се хемикалии кои се наоѓаат во некои продукти од домаќинството како аеросолни спрејови, течности за чистење, лепак, боја, ацетон и др. Тие се шмркаат или се внесуваат со вдишување при испарување.

Инхалантите влијаат на мозокот. Кога супстанциите или пареата се вдишува преку носот или устата , можат да предизвикаат пермаментно физичко или ментално оштетување. Му го одземаат кислородот на телото и го присилуваат срцето да чука нерегуларно или забрзано. Луѓето кои користат инхаланти можат да го изгубат сетилото за мирис, да имаат главоболки и повраќање, крварење од носот и може да дојде до проблеми на црниот дроб,бубрезите и белите дробови. Постојаната употреба може да предизвика намалена мускулна маса,глас и сила. Инхалантите може да ги онеспособат луѓето да одат,зборуваат и мислат нормално. Многу штета може да се предизвика на мозокот кога токсичната пареа ќе се вдише директно во синусот.

Краткорочни ефекти

Како додаток на погоре спомнатото инхалантите можат да ја убијат личноста со срцев удар или од гушење кога вдишената пареа го зазема местото на кислородот во белите дробови и централниот нервен систем. На некои луѓе инхалантите им предизвикуваат ненадејно екстремно насилно однесување.

Долгорочни ефекти

Може да доведе до загуба на мускулната маса ,гласот и силата. Може пермаментно да ги оштети телото и мозокот.

Хероин

Хероинот вообичаено се вшприцува, шмрка или пуши. Предизвикува висока зависност. Хероинот влегува во мозокот брзо, но прави луѓето да мислат и реагираат бавно, намалувајќи ја нивната способност да донесуваат одлуки. Предизвикува тешкотија во памтењето. Вшприцувањето на дрогата може да предизвика ризик од СИДА, хепатитис и други болести предизвикани од инфицирани игли. Овие здравствени проблеми може да преминат на сексуалните партнери и на новороденчињата. Хероинот е една од трите дроги кои најчесто предизвикуваат смрт. Неговата употреба исто така создава насилство и криминални дејства.

Краткорочни ефекти

Корисниците имаат замаглено ментално однеување, главоболки и повраќање. Свеста за болката може да биде потисната. Бремените жени може да страдат од спонтан абортус. Срцевите функции се збавени како и дишењето, некогаш дури и до смрт.

Долгорочни ефекти

Колабрирани вени,бактериски инфекции на крвните садови ,срцеви залистоци , апсцеси и други инфекции на меките ткива и болести на бубрезите и на црниот дроб. Може да настанат и компликации на белите дробови. Делењето на игли може да резултира со хепатитис, СИДА и други крвни инфективни и вирусни болести.

Л С Д

ЛСД се продава во таблети, капсули или во течна форма.ЛСД е една од најпотенцијалните хемикалии кои предизвикуваат промена на расположението и потекнува од најотровните растителни печурки. Нејзините ефекти се непредвидливи . Малечка количина може да предизвика ефекти од 12 или повеќе часа .

Краткорочни ефекти

Раширени зеници,зголемена телесна температура,зголемени срцеви отчукувања и крвен притисок ,потење, намален апетит, несоница, сува уста и тремори.Корисниците може да почувствуваат силни и тешки мисли и чувства, страв од губење контрола, страв од лудило и смрт и чувства на очајност додека употребуваат ЛСД:

Долгорочни ефекти

Ефектите обично се чувствуваат по 12 часа, а кај некои се појавува долготрајна психоза.

(Зло)употреба на препишаните лекови (дроги)

Користењето на препишани дроги стана посериозен проблем отколку повеќето улични дроги. Средствата против болка, антидепресантите, апчињата за спиење и стимулантите може да полагаат одредено “право“ на употреба бидејќи се препишани од докторите, но можат да создадат зависност исто како и дрогите кои се продаваат на улицата. Средствата против болки, ОксиКонтин, е моќен исто како хероинот и влијае на телото на ист начин. Континуираната употреба на средствата против болка, стимулантите и антидепресантите можат да доведат до зависност и болни симптоми при обид за откажување од нив. Еве неколку ефекти од нив:

Средства против болка: ОксиКонтин, Фентанил, морфин, перкодин, демерол се едни од долгата листа на средства против болка. Ефектите од нив се забавено дишење, главоболка, повраќање, несвестица. (Зло)употребата може да доведе до зависност.

Депресанти: Овие дроги кои го забавуваат вашиот мозок и функциите на нервниот систем, вклучувајќи ги Ксанакс, зипрекса, амитол, секонал, валиум и многу други. Ефектите може да предизвикаат проблеми со срцето, зголемување на телесната тежина, нејасен говор и др. Континуираната употреба може да доведе до зависност.

Стимуланти: Овие дроги го забрзуваат чукањето на срцето и дишењето,слично како и кокаинот. Такви се: Риталин, адерол, концерта и др. Ефектите се зголемен крвен притисок и срцебиење, непријателски емоции и параноја.

Антидепресанти: Прозак, паксил, золафт и целекса се најчесто употребувани антидепресанти. Ефектите од нив се невообичаено срцебиење,параноични реакции, насилни или самоубиствени мисли и халуцинации. Долготрајната употреба може да доведе до зависност. Средствата против болка, депресантите и антидепресантите се одговорни за многу предозирани случаи на смрт во САД и во светот, отколку кокаинот, метамфетаминот, хероинот и амфетаминот во комбинација.

Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се на +389 4380 0097.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА