Се сакам повторно себеси

Се сакам повторно себеси

Бев заглавена во една работилница каде што главна машина ми беше мозокот кој постојано брчеше и даваше погрешни, деструктивни инструкции кон својот единствен вработен, Јас.

Конечно работилницата работи во тотален мир и хармонија со придонес за својот вработен.

Несигурноста пак која ја покажував со многу работи како пукање на прстите, грицкање на ноктите, недоволната способност за комуникација, даваше една многу збунувачка слика не само за луѓето околу мене, туку ме ставаше и себе си во тотална конфузија.

Сето ова исчезна, се претставувам себеси како личност со сигурност во себе, вештини за комуникација како и најважното гледање на соговорникот во очи.

Перцепциите кои ми беа каша попара ги исцедив, ги сместив во правилен редослед и го достигнуваат врвот на способностите кои ми ги нудат во моментот.

Се гледам кристално јасно и чисто, дури многу често подзастанувам да го гледам светот околу мене и се воодушевувам на секој малечок детал кој порано сум го пропуштила толку безгрижно.

Човечноста, о боже.

Заборавив што е тоа, а сега тоа е тоа што сум човек.

Емоциите кои ме правеа човек беа сместени во кутија полна прав со голем знак “одамна заборавено, не отворај“.

Сега, сега вријам од емоци, среќа, радост, љубов.

А што е најважно се сакам повторно себеси, имам бесцен ети вредности за себе, за својата сјајна коса, мазна кожа и сјај во очите.

Многу сум благодарна за оваа втора шанса за која ветувам дека ќе се погрижам да изживеам полно со максимална “човечка”, нормална брзина.

Д.Е—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА