Чисто Тело и Бистар Ум – Резултати од Детоксикацијата Нов Живот

Photo by iam_os on Unsplash
 

Моите придобивки од Детоксикацијата Нов Живот се навистина големи. Можам да спијам мирно и конечно се будам лесно и полна со енергија. Јадам како што треба и внесувам многу повеќе течности за разлика од претходно.

Чекорот за Деткосикација го работев посветено и без брзање. Ги исчистив токсините, остатоците од дрогите од телото и сега умот ми е побистар. Бистриот ум според мене е најголема придобивка од овај чекор.

После долго време се што гледам пред мене ми е реално, ми се врати вистинската смисла за животот, боите ги гледам појасно и поживо. Активна сум и се осеќам способна за спортување и за извршување на други обврски.

Следејќи ги инструкциите од тимот на Нарконон Балкан и методите на Л. Рон Хабард успеав телото да го донесам до толку чиста состојба и да го споредувам како со на бебе. Голема благодарност до нив.

“Многу сум среќна, Нарконон Балкан ми го спаси животот!“

Сакам да продолжам да постигнувам вакви и поголеми успеси и придобивки на наредните курсеви, затоа продолжувам со програмата на Нарконон со иста посветеност. Сега кога ми е чисто телото и бистар умот, имам за цел да се надоградувам и да функционирам како нормално лице. Многу сум среќна, Нарконон Балкан ми го спаси животот!

Студент на Нарконон Балкан – Т.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА