На кој начин дрогите го уништуваат умот?

Некои дроги имаат директен и посебен ефект врз реактивниот ум на лицето. Марихуаната, пејотот, морфиумот, хероинот и други слични дроги интензивно ги активираат менталните слики од минатото во кои лицето е блокирано. Очигледно, можат да рестимулираат (активираат одново) ментални слики на болка и стрес блокирани во минатото и можат да го направат тоа на насилен начин.

Дрогата ЛСД која првично е направена за „терапевтска“ употреба од страна на психијатрите, може да предизвика шизофренија кај едно нормално лице. Иако дрогите се сметаат за „скапоцени“ од страна на зависниците во таа мера колку што предизвикуваат некои „посакувани ефекти“, лицето кое зема дрога е опасно за оние кои се во негова близина, бидејќи е предмет на периоди на ментална празнина. Има нереални чувства и илузии кои го водат лицето надвор од сегашно време. Дрогите имаат тенденција да го назадуваат лицето, вреди да се каже дека го оттргнуваат од сегашно време и го носат во своето минато. Можат да го блокираат лицето во периоди на минати искуства; често минати искуства на дрога, алкохол и лекови. Дрогите – марихуаа, ЛСД, алкохол и останатата долга листа – се закана за телото исто како и било кој друг отров.

Лицето кое користи дрога, често „преживува“ ментални слики од минатото кои се кобинација на фантазија и вистина. Во некои случа, фантазијата станува реалност (и посигурна, според свој суд) од сегашното време во кое се наоѓа. Бидејќи, изложено на закана, едно вакво лице, се оддалечува од сегашно време, но еве што навистина се случува: лицето повлекло ментални слики од минатото и ги донело во сегашно време. Како и да е, на било кој начин и да се испита прашањето, вистината е дека тоа лице делумно реагира, размислува и перцепира не на база на овој момент туку на некој момент од минатото во кој е блокирано.


Во Нарконон програмата за рехабилитирање од зависности, секој човек има шанса за решавање на проблемите кои довеле да користат опијати. Тие се водени низ процесот да се опорават од уништување на телото, душата и односите што ги предизвикува зависноста од дрога. На крајот, тие се стекнуваат со вештини за животот кои ќе им помогнат да останат чисти и посветени на целта да живеат здрав и среќен живот.


Извадок од „Направи го вистинското нешто“ – Семинар за изучување на вистината за дрогата.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА