Штетата која ми ја предизвика дрогата

Сега кога почнав да живеам живот без пороци, точно увидов каква штета ми имала причинато дрогата. Под влијание на дрогата почнав да лажам, да правам многу криминални акти, ја изгубив довербата на луѓето, станав безвреден во нивните очи, а најмногу од се ја загубив довербата од моите родители и бев срам за нив дека сум нивниот син. Животот ми стана монотон и едноличен.

(Слика од www.pexels.com)

Секое утро имав само една мисла - како да земам дрога, за да можам да функционирам, целото мое внимание и секоја моја мисла беше насочена каде да најдам и што да направам за да имам пари за да можам да си купам дрога. Цело време се се вртеше само околу дрогата и заборавив на се останато па дури и да се грижам за самиот себеси. Бев како една машина која функционираше само доколку има хероин и бев без чувства и емоции. Сега гледам дека од дрогата не сум имал никаква корист туку напротив сум имал само штета. Сите ефекти кои сум ги доживувал и сум ги пронаоѓал во дрогата, видов дека сите тие работи можам да ги доживеам и без неа. Сега без дрога можам да ја видам и почувствувам вистинската убавина на животот.

Р.Ј. - Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА