Човекот е жив до таа мера до која може да комуницира

Комуникациски вежби

Под комуникација подразбираме размена на идеи помеѓу две лица (или било кое нешто кое може да прими, пренесе или прати комуникација). „Човекот е жив до таа мера до која може да комуницира“ напишал Л. Рон Хабард. Комуникацијата претставува еден од аспектите на животот кои овај хуманитарец го истражувал најдлабоко. Бенефициите кои произлегуваат од ефикасна комуникација се премногу за да се направи список: животот се подобрува во секој аспект, почнувајќи од личниот па до професионалниот живот. Комуникацијата е освојување кое дозволува многу подлабоко разбирање на животот.

Приказна за успех од студент кој го заврши овој чекор

Од вежбите за обука кои се дел од курсот Објективи имам многу придобивки кои ќе ми служат како за време на објектив вежбите така и понатаму во животот. Почнувајќи од првата вежба Биди таму научив и стекнав вештина како удобно да бидам во мојот простор без да ме изместува било какво движење или било каква бука наоколу. Од вежбата „Соочување“ стекнав вештина удобно и без проблем да се соочувам со луѓе, со проблеми и со цел надворешен свет. Едноставно можам да се соочам со сите работи што следуваат понатаму во животот без да ги одбегнувам и без да барам некоја причина, некое оправдување за да не се соочувам со нив.

„Ако човек има вистинска намера без резервираност со сигурност ќе успее понатаму во животот.“
комуникациски вештини

Од вежбите за комуникација научив како правилно да испорачувам комуникација, да ме слушне и разбере лицето со кое комуницирам и да давам потврда на примената комуникација. Исто така ја зголемив способноста да настојувам да добивам одговор на моето прашање и како да ги справувам комуникациите од другите. Од вежбите за контрола научив како да правам старт, промена и стоп врз предмети и врз луѓе, а од последните две вежби сватив дека намерата има голема улога во тоа. Ако човек има вистинска намера без резервираност со сигурност ќе успее понатаму во животот.

Студент на Нарконон Балкан - Г.Т.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА