Комуникациските вежби, важноста на вниманието и да се Биде Таму

Friends sitting in the park
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

Во Програмата на Нарконон, веднаш после Детоксикацијата се прават уникатни вежби кои ги подобруваат способностите за комуникација и контрола. Овие вежби имаат за цел да го обучат лицето да ги испорачува ОбјективитеДодека се на овој чекор студентите искусуваат бројни пообеди и придобивки.

Вежбите се направени по даден редослед, поради што секоја следна вежба ја вклучува способноста стекната во претходните вежби. Секоја од овие вежби, доколку е направена на високо компетентен начин, има како резултат зголемена способност да се комуницира. Овие способности ќе се користат во зборувањето, слушањето, пишувањето, учењети и во сите безброј други ситуации во животот во кои се комуницира.

Изразот да се Биде Таму значи да се постои, да се биде свесен за тоа што се случува во моментот. Да се искусува сегашниот момент без попречувања или чувство на неудобност.

Сигурно дека некогаш сте зборувале со некого чиј интерес или чие внимание било „на друго место“. Тоа е како да му зборувате на ѕидот, повеќе или помалку, го дава истото задоволство. Погледот кој е празен и стаклен, згаснатите очи, отсутниот израз, постојаното мрдање на очите, сите овие нешта покажуваат намалена способност да се биде таму.

Сигурно е и дека сте зборувале со луѓе, кои ви изгледале многу живи, интересни, кои имаат спремна и будна интелегенција. Луѓе кои имаат многу енергија и со кои е опуштено да се биде. Кога ќе ве погледнат тие луѓе, имате чувство дека ве гледаат вас а не дека гледаат преку вас или низ вас како да не сте присутни пред нив. Овие луѓе имаат способност да бидат таму. Лесно е да се зборува со нив поради тоа што тие се способни да го насочат вниманието на нешто и да го одржат на тоа место без да се вмешуваат во било каков вид на интерни мисли. Нивното внимание е насочено кон надвар, кон околината која ги опкружува, а не кон внатре, кон себе и своите проблеми. Ако лицето не е во состојба да биде таму пред лицето со кое зборува, нејзината комуникација секако ќе биде помалку ефикасна отколку што би требало.

Narconon Students studying life skills
„Мојата придобивка е тоа што се чувствувам присутен и чувствувам благосостојба.“

„За време на првата вежба Биди Таму ми беше малку неудобно и мислев дека цело време ќе биди така но, многу е полесно да бидиш таму без отрови во телото. Многу повеќе можам да се концентрирам и многу повеќе опуштено се осеќам. Вчера во текот на вечерта со нетрпение чекав да помине ноќта и да продолжам да ја работам оваа вежба.“

„Додека ја правам вежбата, на моменти искусувам спокој на душата, се чувствувам убаво и задоволен сум како ја работам. Не мислам на тоа колку време сум во вежба и не забегувам со вниманието, едноставно само се релаксирам и се препуштам на вежбата. Мојата придобивка е тоа што се чувствувам присутен и чувствувам благосостојба.“

Студент во Нарконон Балкан – Г.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА