Известување за политиките за приватност и доверливост на податоците за злоупотреба на алкохол и дроги

Датум на влегување во сила: 5-ти септември 2015 година

ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ОПИШУВА КАКО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ И ОБЕЛОДЕНУВААТ ВАШИТЕ МЕДИЦИНСКИ ПОДАТОЦИ И КАКО ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ ПРИСТАП ДО ОВИЕ ПОДАТОЦИ. ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ИСТОТО.

  1. ДОВЕРЛИВОСТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ПОДАТОЦИ. Медицинските податоци кои Нарконон Балкан ги добива и/или креира за вас, лично, во програмата, кои се однесуваат на Вашата мината, сегашна или идна здравствена состојба, третман или плаќање за здравствени услуги, се „заштитени медицински податоци“, согласно Законот за наследување и одговорност на здравственото осигурување на САД, К.Ф.Р. 45, делови 160 и 164. Доверливоста на податоците за злоупотреба на алкохол и дроги на студентот кои се чуваат од страна на програмата се заштитени со уште еден закон на САД, кој честопати се нарекува Закон за доверливост на податоци кои се однесуваат на злоупотреба на алкохол и други дроги, К.Ф.Р. 42, Дел 2 Вообичаено, Нарконон Балкан не смее на лице надвор од програмата да му каже дека Вие сте дел од програмата, или да обелодени какви било податоци кои Ве идентификуваат како корисник на алкохол или дрога, или да користи или обелоденува какви било други заштитени медицински податоци освен во одредени околности дозволени со закон. Вашите медицински податоци дополнително се заштитени со секој важечки државен закон кој е построг или обезбедува поголема заштита од кој било од овие два закони на САД.
  2. ВЕТУВАЊЕ ПОВРЗАНО СО МЕДИЦИНСКИТЕ ПОДАТОЦИ. Нарконон Балкан разбира дека податоците поврзани со вас и вашето здравје се лични податоци. Нарконон Балкан се обврзува да ги заштитува Вашите медицински податоци. Со цел обезбедување на квалитетна услуга и исполнување на одредени законски барања, Нарконон Балкан води евиденција за услугите кои ги примате како дел од програмата на Нарконон. Ова Известување за политиките за приватност и доверливост на податоците за злоупотреба на алкохол и дроги („Известување“) се однесува на целата евиденција за Вашите услуги кои Ви биле испорачани на програмата на Нарконон. Ова Известување ќе Ви даде информација за начините на кои Нарконон Балкан може да ги користи или обелоденува Вашите заштитени медицински податоци. Во него исто така се опишани Вашите права и одредени обврски кои Нарконон Балкан ги има во однос на употребата и обелоденувањето на заштитените медицински податоци. Нарконон Балкан има законска обврска:
    1. Да се погрижи медицинските податоци кои Ве идентификуваат да се чуваат во тајност;
    2. Да Ви го даде ова Известување за своите законски должности и политики за приватност кои се однесуваат на Вашите медицински податоци;
    3. Да ги следи условите на Известувањето кои се моментално важечки; и
    4. Да Ве извести во случај на неовластена употреба или обелоденување на Вашите незаштитени медицински податоци.
  3. КОЈ Е ОБВРЗАН СО ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ. Во ова Известување се опишани Нарконон Балкан практиките на (НАРКОНОН) и тие на Нарконон Балкан вработените, волонтерите и останатиот персонал кој е вклучен во Вашите услуги. Нарконон Балкан и овие поединци ќе ги следат условите на ова Известување, и истите смеат да ги користат или обелоденуваат Вашите заштитени медицински податоци само онака како што е дозволено или потребно согласно законот. Во ова Известување се опишани Вашите права на пристап и контрола на Вашите заштитени медицински податоци, вклучувајќи податоци кои може да Ве идентификуваат и кои се однесуваат на Вашето минато, сегашно, или идно физичко здравје или ментална состојба, како и здравствена нега и поврзани здравствени услуги. Вашиот личен лекар може да има други политики кои тој или таа ги следи и може да користи негово или нејзино сопствено Известување за политиките за приватност.
  4. КАКО НАРКОНОН БАЛКАН МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ И ОБЕЛОДЕНУВА ВАШИТЕ ЗАШТИТЕНИ МЕДИЦИНСКИ ПОДАТОЦИ. Нарконон Балкан прибира податоци поврзани со Вашето здравје и истите ги зачувува во табела, на компјутер и во лично здравствено досие. Ова е Вашето медицинско досие. Медицинското досие е сопственост на Нарконон Балкан, но податоците во медицинското досие Ви припаѓаат Вам. Следните категории ги опишуваат различните начини на кои Нарконон Балкан смее да користи или обелоденува заштитени медицински податоци. За секоја категорија на употреби и обелоденувања, Нарконон Балкан ќе објасни што истата подразбира и може да даде некои примери. Нема да биде наведена секоја употреба или обелоденување во дадена категорија. Сепак, сите начини на кои на Нарконон Балкан му е дозволено да користи и обелоденува податоци ќе бидат класифицирани во една од категориите. Некои податоци како што се одредени податоци поврзани со дроги и алкохол, ХИВ или податоци поврзани со менталното здравје се предмет на посебни ограничувања.
    4.1. За внатрешна комуникација. Вашите заштитени медицински податоци ќе се користат во рамките на програмата помеѓу членовите на персоналот на програмата кои имаат потреба од податоците, со цел исполнување на нашата должност да Ви дадеме дијагноза, третман или да Ве упатиме на друг третман за лекување на зависност од супстанци. Ова значи дека Вашите заштитени медицински податоци може да се споделуваат помеѓу членовите на персоналот за цели кои се поврзани со третманот, плаќањето или одредени административни, финансиски и правни активности и активности за подобрување на квалитетот на здравствената нега. На пример: Двајца или повеќе даватели на услуга во рамките на програмата може меѓусебно да се консултираат за тоа како најдобро да се одвива Вашиот третман. Програмата може да ги сподели Вашите заштитени медицински податоци при фактурирање во обид за наплата на здравствените услуги кои Ви биле испорачани. И/или, за Вашите заштитени медицински податоци може да се разговара во рамките на програмата во врска со Вашиот третман во однос на другите на програмата, во обид да се подобри целокупниот квалитет на негата која се обезбедува преку програмата. Вашите заштитени медицински податоци нема да им бидат обелоденети на трети лица од страна на персоналот на програмата на никој друг начин освен на начините кои се дозволени со овој документ.
    4.2. На квалификувани услужни организации и/или деловни соработници. Дел или сите Ваши заштитени медицински податоци може да бидат предмет на обелоденување преку договори за услуги со квалификувани услужни организации и/или деловни соработници, надвор од оваа програма, кои ѝ помагаат на оваа програма во давањето на здравствена нега. Примерите за квалификувани услужни организации и/или деловни соработници вклучуваат компании за наплата, компании за обработка на податоци или компании кои даваат административни или специјализирани услуги. Со цел заштита на Вашите медицински податоци, Нарконон Балкан од овие квалификувани услужни организации и/или деловни соработници бара да ги следат истите стандарди применети од страна на оваа програма преку услови кои се детално наведени во писмен договор.
    4.3. Во итни медицински случаи. Вашите медицински податоци може да му бидат обелоденети на медицинскиот персонал во итни медицински случаи, кога постои непосредна опасност по здравјето на даден поединец, и кога има потреба од итна медицинска интервенција.
    4.4. На истражувачи Во одредени околности, програмата може да ги користи и обелоденува Вашите заштитени медицински податоци за истражувачки цели. На пример, даден истражувачки проект може да вклучува споредба на здравјето и закрепнувањето на сите студенти кои добиле еден тест или третман со тие кои добиле друг, за истата состојба. Сепак, сите истражувачки проекти мора да бидат одобрени од страна на Институционален одбор за проценка, или друг одбор за проценка на приватноста како што е дозволено во рамките на прописите, кој го прегледал предлогот за истражување и воспоставил протоколи за гарантирање на приватноста на Вашите заштитени медицински податоци.
    4.5. На ревизори и проценители. Програмата смее да им обелоденува заштитени медицински податоци на регулаторни тела, финансиери, трети лица кои плаќаат и организации за стручна оценка кои прават надзор на програми за алкохол и дроги со цел да се осигураат дека програмата се придржува до регулаторните упатства и наредби и дека правилно ги прикажува и троши добиените средства.
    4.6. Согласно судски налог со кој се одобрува обелоденување на заштитени медицински податоци. Програмата смее да ги обелодени вашите заштитени медицински податоци согласно судски налог со кој се одобрува истото. Ова е посебен вид на судски налог во кој се преземени одредени постапки на претпазливост со цел заштита на вашиот идентитет, и во кој судот донесува одредени конкретни одлуки, како што е опишано во федералните прописи на САД, и го ограничува обемот на обелоденувањето.
    4.7. Кривично дело на имотот на програмата или кривично дело против персоналот на програмата. Програмата смее да ѝ обелодени одреден обем на заштитени медицински податоци на полицијата кога некој студент врши или се заканува дека ќе изврши кривично дело на имотот на програмата или кривично дело против персоналот на програмата. Државните закони и прописи не заштитуваат никакви податоци за кривично дело сторено од страна на студент или во програмата или против кое било лице кое работи за програмата или кривично дело поврзано со каква било закана за вршење на такво кривично дело.
    4.8. Пријавување на сомневање за злоупотреба и занемарување на деца. Програмата смее да пријави сомневање за злоупотреба или занемарување на деца, како што е предвидено со законот. Државните закони и прописи не заштитуваат никакви податоци поврзани со сомневање за злоупотреба или занемарување на деца од тоа истите да бидат пријавени согласно законот на соодветните државни или локални власти.
    4.9. Согласно законот Програмата ќе обелодени заштитени медицински податоци согласно државните закони на начин кој е дозволен со прописите за приватност и доверливост.
    4.10. Потсетници за закажани состаноци. Нарконон Балкан го задржува правото да Ве контактира, на начин кој е дозволен со закон, за потсетници за закажани состаноци или податоци за алтернативни третмани и други придобивки поврзани со здравјето кои може да бидат соодветни за вас.
    4.11. Други употреби и обелоденувања на заштитени медицински податоци. Останатите употреби и обелоденувања на заштитени медицински податоци кои не се вклучени во ова Известување ќе бидат направени само со Ваше писмено овластување или со овластување на Вашиот законски застапник. Доколку Вие или Вашиот законски застапник го овластите Нарконон Балкан да ги користи или обелоденува Вашите заштитени медицински податоци, Вие или Вашиот законски застапник можете во секое време да го отповикате тоа овластување, освен до степенот до кој Нарконон Балкан веќе делувал врз основа на овластувањето.
  5. ВАШИТЕ ПРАВА ВО ОДНОС НА МЕДИЦИНСКИТЕ ПОДАТОЦИ КОИ НАРКОНОН БАЛКАН ГИ ЧУВА ЗА ВАС. Вие ги имате следните права во однос на Вашите медицински податоци. За да ги искористите овие права, морате да го контактирате Службеникот за приватност во Нарконон Балкан. Од вас може да биде побарано да поднесете писмено барање. Службеникот за приватност може да биде контактиран користејќи ги следните информации:
    Нарконон Балкан
    Наменето за: Службеникот за приватност
    Поштенски број 179
    Кавадарци, 1430
    Македонија
    Телефонски број: +389 43 446 447
    Електронска пошта: info@narconon.org
    5.1. Право на увид и пресликување. Со одредени исклучоци, вие имате право да направите увид и да добиете примероци од Вашите медицински податоци кои Нарконон Балкан ги чува за вас. Во некои многу ограничени околности Нарконон Балкан може, согласно законот, да го одбие Вашето барање да направите увид и да добиете примерок од Вашите заштитени медицински податоци. Вие ќе бидете известени за одбивањето на кој било дел или делови од Вашето барање. Согласно законот, некои одбивања подлежат на ревизија, и Вие ќе бидете известени за постапките поврзани со повикување на правото за ревизија на одбивање. Други видови на одбивања, наведени во законот, не подлежат на ревизија. Секое барање ќе биде посебно разгледано и ќе Ви биде доставен одговор, согласно законот.
    5.2. Право на изменување на Вашите медицински податоци. Доколку сметате дека Вашите заштитени медицински податоци се неточни или нецелосни, можете да побарате од Нарконон Балкан да ги измени податоците. Нарконон Балкан може да го одбие Вашето барање, доколку истото не е во писмена форма или не вклучува причина која го образложува барањето. Дополнително, Нарконон Балкан може да го одбие Вашето барање доколку побарате Нарконон Балкан да измени заштитени медицински податоци за кои Нарконон Балкан верува: (i) дека се точни и целосни; (ii) дека не биле создадени од Нарконон Балкан, освен ако лицето или субјектот кој ги создал заштитените медицински податоци повеќе не е во можност да ја направи измената; (iii) дека истите не се дел од заштитените медицински податоци чувани од или за Нарконон Балкан; или (iv) дека истите не се дел од заштитените медицински податоци за кои Вам би Ви било дозволено да направите увид или да ги пресликувате. Доколку Вашето право на измена е одбиено, Нарконон Балкан ќе Ве извести за одбивањето и ќе Ви обезбеди упатства за тоа како можете да го искористите Вашето право да поднесете писмена изјава во која не се согласувате со одбивањето и/или како можете да побарате Вашето барање за измена и примерок од одбивањето да се чуваат заедно со заштитените медицински податоци кои се во прашање, и истите да се обелоденуваат заедно со сите понатамошни обелоденувања на заштитените медицински податоци кои се во прашање.
    5.3. Право на извештај за обелоденувања. Вие имате право да добиете список со одредени обелоденувања на Вашите заштитени медицински податоци кои Нарконон Балкан можеби ги направил. Овој список нема да вклучува одредени обелоденувања, наведени во прописите, вклучувајќи обелоденувања направени во рамките на програмата за цели поврзани со третманот, плаќањето или одредени административни, финансиски и правни активности и активности за подобрување на квалитетот на здравствената нега, или обелоденувања направени согласно Вашето овластување или такви кои Ви биле директно Вам обелоденети.
    5.4. Право на барање на ограничување. Вие имате право да побарате ограничување на заштитените медицински податоци кои Нарконон Балкан ги користи или обелоденува во рамките на програмата за цели поврзани со третманот, плаќањето или одредени административни, финансиски и правни активности и активности за подобрување на квалитетот на здравствената нега. Нарконон Балкан ќе го разгледа Вашето барање, но Нарконон Балкан не мора да се согласи со истото. Доколку Нарконон Балкан се согласи со истото, Нарконон Балкан ќе се придржува до Вашето барање, освен во итни случаи каде Вашите заштитени медицински податоци се потребни со цел обезбедување на итен третман. Нарконон Балкан нема да се согласи на ограничувања на употреби или обелоденувања кои се законска обврска, или оние кои се законски дозволени и за кои Нарконон Балкан оправдано верува дека се во најдобар интерес на Вашето здравје.
    5.5. Барање на доверлива комуникација. Вие имате право од (НАРКОНОН) да побарате Нарконон Балкан да разговара со вас во врска со Вашите заштитени медицински податоци на одреден начин или на одредено место. На пример, вие можете да побарате Нарконон Балкан да ве контактира само на вашето работно место или само по пошта. Нарконон Балкан ќе ги задоволи сите разумни барања.
    5.6. Право на поднесување на поплака. Повредата на законот и прописите од страна на дадена програма е кривично дело и сомневањата за такви повреди може да се пријават кај соодветните органи во согласност со прописите. Доколку имате какви било прашања или сметате дека Вашите права на приватност се повредени, можете лично да го контактирате нашиот Службеник за приватност или по пошта да испратите писмено резиме со Вашата загриженост на погоренаведената адреса. Исто така, може да поднесете писмена поплака до Институтот за јавно здравје и социјалните служби. Нема да бидете казнети и никој нема да Ви се одмазди поради поднесувањето на поплака.
    5.7. Добивање на примерок. Вие имате право да добиете примерок од ова Известување.
  6. ИЗМЕНИ НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ. Нарконон Балкан го задржува правото, во секое време да ги измени условите на ова известување. Нарконон Балкан го задржува правото ревидираното или изменетото известување да важи за заштитените медицински податоци кои програмата веќе ги има за вас, како и за сите заштитени медицински податоци кои програмата ќе ги добие во иднина. Нарконон Балкан ќе објави примерок од важечкото Известување. Известувањето ќе содржи датум на влегување во сила.