Нов почеток

Јас, како зависник од дрога, мислев дека за мене не постои начин за спасување од тој проблем. Но, со помош на програмата и стафот во Нарконон, успеав да го надминам тој проблем. И не само тоа – ме вратија во состојба на посилна и поцврста личност, што целосно ме смени во сите области од мојот живот. Сега сум обврзан кон себе и кон мојот живот, свесен дека го држам сопствениот живот во свои раце без да бидам контролиран од нешто што ме уништуваше. Ги прифатив моите одговорности и ми се вратија сите способности, дури и повеќе од тоа што некогаш сум бил. Морам да кажам дека сега имам мир и слобода – без да сум под влијание на било што. Се чувствувам исполнет и среќен во моментите од својот живот.
Со огромна благодарност до Нарконон Балкан, затоа што ме направија храбра и силна личност, и ми го сменија животот засекогаш.
С.Х. Дипломец на Нарконон Балкан