После завршувањето на програмата

Н.Г., дипломец на Нарконон Балкан
(Слика од Andrii Medvediuk/Shutterstock.com)
 

Го завршив програмот на Нарконон пред околу 20 дена и сакав да споделам неколку успеси, победи и придобивки што ги имав надвор од центарот а кои се надевам дека ќе мотивираат некого !

„Најголемата победа ми е тоа што мојата ќерка која има 4 години и бегаше од мене, сега воопшто не се дели од мене и уживаме во секој заеднички момент.“

Најголемата победа ми е тоа што мојата ќерка која има 4 години и бегаше од мене, сега воопшто не се дели од мене и уживаме во секој заеднички момент. Успеав да искомуницирам, да соочам и да ги справам луѓето кои не ми мислат добро, но исто така и луѓето кои ми мислат добро и кои се грижат за мене. Научив формули и правила за среќен живот, научив како да донесувам правилни одлуки кои нема да ми штетат во повеќето области од мојот живот !

Стекнав способност, знаење и вештина како да си го живеам сопствениот живот без влијание на други луѓе и што е најважно да ЖИВЕАМ ЖИВОТ БЕЗ ЗАВИСНОСТИ !!

Искрено огромна благодарност до целиот тим на НАРКОНОН БАЛКАН за тоа што ми помогнаа да си го вратам мојот живот на вистинскиот и правилниот пат !

Н.Г., дипломец на Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА