Среќен ЖИВОТ

Нарконон Балкан

Во минатото не гледав воопшто светлина во животот кој го живеев, на моменти ќе се појавеше некоја светла точка која никогаш не успеав да ја допрам и секогаш се враќав кон темнината. Денес сум задоволен од мене затоа што прв пат во мојот живот стојам на својот збор, си подавам рака сам на себе прво а потоа на секој еден што е во моја близина. Во текот на програмата во Нарконон Балкан јас сфатив дека многу луѓе предходно сакаа да ми подадат рака и да ми помогнат но јас тоа не го забележував и на тие луѓе најмногу им направив штета.

Од кога го допрев дното и барав помош ми беше кажано дека довербата сум ја загубил и дека сега морам прво сам на себе да си помогнам за да може да ми се помогне!

Овие моменти беа пресудни во мојот пат кон Нарконон Балкан и мојот нов живот, морав да го срушам онај стариот јас за да го изградам новиот. Да изградам живот со цврсти темели и здраворазумни одлуки!

Персоналот во Нарконон Балкан ми ја даде целосната поддршка во текот на рехабилитацијата и ми помогна безусловно на секој чекор од програмот!

Персоналот во Нарконон Балкан ми ја даде целосната поддршка во текот на рехабилитацијата и ми помогна безусловно на секој чекор од програмот! Од мојата упорност и нивната помош денес сум човек кој има среќен живот без зависности!

М.Ј. Студент во Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА