Кокаинот не е Решение !

Имав момент во животот кога мислев дека кокаинот ми е решение за сè. Ми даваше чувство дека сум посилен, посигурен и полн со енергија. Но вистината беше сосема друга, полека ме уништуваше. Почнав да се оддалечувам од семејството, да лажам, да губам пријатели и да живеам само за следната доза. Секој ден си велев дека можам да престанам кога сакам, НО НЕ МОЖЕВ.
Најтешко беше кога сфатив дека веќе не се препознавам самиот себе.
Тогаш решив да побарам помош и дојдов во Нарконон Балкан. Искрено, на почетокот бев сомничав и мислев дека ништо не може да ми помогне. Но чекор по чекор, почнав повторно да се чувствувам жив. Повторно научив како да размислувам јасно, како да бидам стабилен и како да живеам без дрога. Денес имам мир, имам цели и повторно имам доверба од луѓето што ги сакам. Најважно од се, повторно се имам себеси.
Нарконон Балкан не ми го смени само животот. Ми даде нов почеток.
Л.М. Студент во Нарконон Балкан


