Желба за успех

Имаше пред мене студенти кои завршуваа со делот детоксикација и гледав огромни промени кај нив за кои не ми се веруваше. Јас за себе мислев дека цел живот ќе останам каква што бев предходно, без воља за живот, несреќна и затворена во себе без да правам ништо друго освен тоа да се дрогирам. Најголем страв имав од тоа што се случуваше во мојата глава, депресија, плачење, променливо расположение и тоа дека незнаев што сакам јас од животот... Некаде околу крајот на чекорот со детоксикација сеуште неможам да поверувам каква промена настана кај мене, сите предходни емоции и лоши чувства исчезнаа. Добив среќа, мир и виталност која неможам со зборови да ја опишам, буквално јас се преродив! Почнав сите работи кои ги праев под дејство на дрога да ги правам без дрога, почнав да спијам природно и да јадам нормално. Не ми треба повеќе дрога и лекови за да бидам среќна и да ги завршувам моите обврски во денот.
„Секој ден во Нарконон станувам со желба
за поголем успех од предходниот.“
Секој ден во Нарконон станувам со желба за поголем успех од предходниот. Сум живеела во една магла која не ми дозволуваше да ги видам овие убавини на животот! Првпат во животот се чувствувам успешна и горда на самата себе бидејки направив чекор кој што ме менува од корен и со нетрпение го чекам секој нареден ден. Нарконон Балкан во благодарам на секој момент поминат со вас!
М.К. студент во Нарконон Балкан


