Дрога: "Решение" за личната болка

На 9 години научив нов збор на училиште. Тоа беше зборот "анксиозен". Истиот ден во дворот со мајка ми, ѝ кажав дека се чувствувам многу анксиозно. Цело време. Таа ми рече дека сум премногу млад за да бидам анксиозен и многу брзо ме замолчи.

Таа беше зависна од лекови за болка и таблети за спиење години пред јас да се родам. И, нејзината личност беше деструктивно погодена од овие лекови. Таа беше многу непредвидлива и едноставно луда во поголемиот дел од времето. Ова многу придонесе за нестабилна и стресна домашна средина.

Еден од моите браќа продолжи со користење на дрога и самиот. Тој почна со марихуана на возраст од 11 години и се уште е зависник од улични дроги до денешен ден и води живот на криминалец со цел да ја добие својата следна доза – сега има 46 години.

Кога бев помлад, чувствував многу лутина спрема мојата мајка и брат за она што изгледаше како многу намерен избор за да се уништат семејните односи.

Сега, сфаќам дека нивниот избор за користење на дрога е "решение" за ублажување на сопствената лична болка и беше единствениот избор за кој беа свесни кога заминаа во таа насока.

Иако брат ми се уште користи дрога, јас не се откажав од него и тој знае дека сум тука за него, кога тој ќе биде подготвен за да добие помош.

Јас сум благодарен што постојат организации како Нарконон. Тие обезбедуваат вистинска помош за оние кои се свесни дека дрогата им до уништува сопствениот живот и животот на луѓето околу нив. И, тие им помагаат на зависниците да најдат вистински решенија за проблемите и болките што ги натерале да започнат да користат дрога воопшто.

Ако имате некои прашања или знаете некој на кого му треба помош, посетете ја нашата веб страна www.narconon-balkan.org или јавете се.


Преземено и преведено од www.narconon-warnersprings.org

АвторAlora D.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА