10 Години Од Одлуката Да Бидам Drug Free Личност

Supervisor

На 23.04.2007 година донесов одлука да станам drug free личност и да го променам мојот живот кон подобро еднаш за секогаш.

Иако претходно имав донесувано многу одлуки во мојот живот сите тие заедно потклекнуваат по вредност и големина кога ќе ги споредам со одлуката да бидам drug free личност. Многукратните напори , пред Програмата на Нарконон, да се изборам за подобар живот беа неуспешни и кратки, зависноста беше “ прејака “ во тие моменти за мене како личност . Си мислев и дека не е толку опасно да се земаат наркотици бидејќи не можев во тие дадени моменти да ја согледам реалноста и вистинската последица којашто дрогата ми ја прави мене и на мојата фамилија.

Кога на 21.04.2007 година, на еден краток, многу краток “свесен“ момент, ја видов вистинската последица во очите на мојата фамилија решив да ставам СТОП, бидејќи не се чувствував веќе како дел од неа и ме болеше секоја нивна воздишка и солза. При добиени совети од мој драг пријател, пристапив кон Нарконон Програмата со земање на директно учество во истата со цел да си го променам животот.

Нарконон Програмата

Носењето на здраворазумни одлуки и нивното следење ми пружаа нови согледувања на животот и промена на она “себично“ чувство, на тоа дека се се врти околу мене и јас сум најважен и потребно е сите да ми помагаат, кое го здобив со самата зависност во годините наназад.

За прв пат дознав дека ЈАС вредам како човек, но и дека јас сум способен и дека можам да придонесувам и за благосостојбата на другите во околината , а не само за своето “добро“ кое многу придонесуваше да се зголеми несреќата на фамилијата и на пријателите.

Сега после една деценија од мојата одлука сакам да напоменам дека се уште се држам до истата. Во текот на овие 10 години вистински почувствував што е тоа ЖИВОТ и дека животот е постојана борба за подобро утре , ова нешто јас не можев да го видам од превезот на зависноста.

Веќе 10 години помагам и земам директно учество со помош на Нарконон Програмата во спасувањето на животи и нивно надградување. Знаејќи дека животот е исполнет со препреки сега сум подготвен за нив , затоа што знам дека со секоја нова помината препрека станувам посигурен и појак како Личност. Сето ова немаше да биде возможно доколку не беше Нарконон Програмата персоналот кој ми помагаше несебично и мојата фамилија на која сум и вечно благодарен.

Supervisor

Ја користам оваа можност после 10 години искрено да се заблагодарам на персоналот на Нарконон Балкан за целиот труд и соработка.

Сега знам дека не постои материјално мерило кое што може да го измери чувството да се биде DRUG FREE.

Оваа кратка приказна ќе биде продолжена на 20 години DRUG FREE.

Искрено,

Радомир Јокич, Вработен во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА